На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 119 тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое даде дозвола за работење на ново Друштво за инвестиционо советување - Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје. Согласно член 148 од Законот за хартии од вредност, друштвото за инвестиционо советување Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје ќе ги врши следниве две услуги:
- инвестиционо советување, која ќе ја врши самостојно и
- управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, која ќе ја врши посредно односно исклучиво преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има дозвола од страна на Комисијата за вршење на ваков тип на услуга. При промена на овластениот учесник преку кој ќе ја врши оваа услуга, Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје, потребно е да достави барање за издавање на нова дозвола од страна на Комисијата.
Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност кај нас.
По завршена јавна расправа која траеше 30 дена , КХВ донесе два подзаконски акти:
- Правилник за форма и содржина на документот со клучни информации за инвеститорите во отворениот инвестициски фонд и
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификациски број на инвестицискиот фонд.
Потребата за носење на овие подзаконски акти произлезе од последните измени и дополнувања на Законот за инвестициски фондови со кои се врши усогласување со Директивата 2009/65/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 13 јули 2009 година.
Исто така на седницата што се одржа денеска на 30 август, 2021 година, Комисијата издаде по една дозвола за работење на брокер и на инвестициски советник за време од пет години.