На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
На семинарот што се одржа на 25-26 октомври, 2013 година во хотелот ,,Сириус,, во Струмица присуствуваа Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, М-р Елизабета Чингаровска, вработените во Стручната служба на КХВ, Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев, Извршниот директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје Елена Јакимовска Петровска, директорите на брокерските куќи и банките кои имаат дозвола за работење со хартии од вредност во земјава, како и првите луѓе на друштвата за управување со инвестициски фондови .
На почетокот на семинарот, учесниците ги поздрави Претседателот на Комисијата, М-р Елизабета Чингаровска , која истакна дека цел на средбата е анализа на состојбата на пазарот на хартии од вредност и размена на идеи, проблеми и прашања со кои се соочуваат овластените учесници, за да се утврди на кој начин може Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија да помогне за подобрување на моменталните состојби на пазарот.
Се анализираше вкупниот промет остварен на Берзата оваа година кој заклучно со 20.10.2013 година бележи пад од 43,45% во однос на истиот период лани. Беше констатирано дека најголем пад е забележан кај прометот од блок трансакции и јавни берзански аукции.Вредноста на МБИ10 индексот е намалена за 10,05% во споредба со лани, а учеството на странските инвеститори во вкупниот промет од страната на купување е 9,41%, додека од продажната страна учествуваат со 13,47%. Ваквите показатели ја отсликуваат состојбата на пазарот, која пак како што беше заеднички констатирано бара мерки за унапредување и засилена комуникација со компаниите и со потенцијалните инвеститори. Тоа подразбира развој и ефикасно функционирање на сите институции на пазарот , информираност на потенцијалните инвеститори за пласман на слободните средства со цел остварување на дополнителна корист, едукација и информираност на компаниите/единиците на локална самоуправа за можноста за алтернативни извори на финансирање и друго.