На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
На 19 декември, 2013 година, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување потпишаа Меморандумот за соработка. Целта е институциите надлежни за регулирање на финансиските услуги, со заеднички заложби и проекти, да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија. Своите потписи на Меморандумот за соработка ги ставија Вицепремиерот и Министер за финансии М-р Зоран Ставрески, Гувернерот на Народната банка на Република Македонија М-р Димитар Богов, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска, Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Д-р Климе Поповски и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капиталното финансиско пензиско осигурување Д-р Булент Дервиши.
- Целта е полесно да се остварат заедничките цели, бидејќи, како што рече Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, нашиот интерес е да имаме население кое ќе ги разбира многу добро финансиските услуги што ги користи и на тој начин нема да влегува во непотребни ризици. На тој начин, потенцира, придонесуваме за избегнувње и минимизирање на ризиците во финансискиот сектор, а со тоа и креираме постабилен финансиски сектор.
Според Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески, потпишувањето на овој Меморандум е уште еден чекор во насока на зголемување на координацијата на регулаторните тела заради постабилен финансиски сектор и запознавање на јавноста со можностите што ги нуди финансискиот сектор.
- Верувам дека на ваков начин ќе придонесеме и во Македонија да се подигне нивото на финансиска писменост и на тој начин ќе се вклучиме во европските трендови кои почнаа особено по финансиската криза со цел да се зголеми нивото на финансиската писменост и да се намалат ризиците, рече Министерот Ставрески.
Потписниците на Меморандумот се согласија да се формираКоординациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација. Улогата на Координациското тело ќе биде:
1. Да покренува иницијативи до надлежните институции за донесување акти коишто ќе ја поткрепат идејата за финансиска едукација на населението во Република Македонија;
2. Да дефинира и да предлага заеднички проекти за финансиска едукација;
3. Да изработува стратегиски документи;
4. Да ги организира, да ги спроведува и да ги проценува анкетите за нивото на финансиска писменост во земјата и нивото на финансиска вклученост на населението во финансискиот систем во државата;
5. Да организира работни сесии, семинари и други видови обуки и настани;
6. Да промовира регионална и интернационална соработка.
Изработката на стратегиските документи ќе се темели врз основа на меѓународно прифатените принципи за финансиска едукација на Групацијата 20 најразвиени земји и други мултилатерални институции и организации.
Финансиски описменетите граѓани ќе можат да направат правилен и здрав избор на финансиските производи, а со тоа ќе се придонесе и за постабилен и сигурен финансиски систем во државата.