На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Како да се поттикнат компаниите наместо од банка да земаат кредити, да емитуваат јавни понуди беше тема на Тркалезната маса што се одржа на 19 февруари,2014 година во Скопје во организација на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Примарниот пазар во Македонија главно имаше приватни пласмани, а не јавни понуди на хартии од вредност или, пак, јавните понуди и новите емисии беа последица од цензусите за постигнување на повисоки износи на капитал во високорегулираниот финансиски сектор, распределба на корпоративните добивки во форма на акции или се случуваа после извршени преземања од странски доминантни акционери рече Главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје Иван Штериев. Некои инвестиции можат соодветно да бидат финасирани единствено преку акционерски капитал или преку фондовите. Затоа унапредувањето на сегментот на финасискиот сектор кој нуди капитал што прифаќа повисоки ризици треба да биде приоритет. Од непроценливо значење е вратата на пазарот на капитал да се држи отворена за оние претприемачи кои имаат добри идеи и кои во моментот не можат да обезбедат капитал од традиционалните банкарски ресурси, порача Штериев.
Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска рече дека најчест начин на финансирање на компаниите во Македонија е преку земање кредити од страна на банките.Многу важен алтернативен начин на финансирање е токму преку издавањето хартии од вредност, акции и обврзници, преку кои компаниите имаат можност да дојдат до свеж капитал. Кај бизнисмените постојат дилеми зошто преку издавање акции да се финансира една компанија и дали со издавање акции и вклучување на повеќе акционери треба да се дели и профитот и ќе се усложни начинот на носење на одлуки, нагласи Чингаровска. Таа посочи дека во 2013 година се бележи тренд на зголемување на алтернативниот начин на финансирање на компаниите на светско ниво.На глобално ниво во 2013 година имало 864 јавни понуди во вредност од 163 милијарди долари што е за 27 отсто повеќе отколку во 2012 година. Само во САД имало 222 иницијални понуди со вкупна вредност од 59,6 милијарди долари. Во европските земји од 158 иницијални понуди собран е капитал нешто повеќе од 30 милијарди долари. Во Хрватска имало пет иницијални понуди и тоа две со издавање на обврзници, а три со издавање на акции во кои се собрани преку 56 милиони евра, во Словенија има 10 иницијални понуди во кои се собрани 205 милони евра, а кај нас преку осум приватни понуди се прибрани околу три милиони евра, појасни Чингаровска. Претседателот на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, Борислав Атанасовски рече дека преку јавната понуда може да дојде до зголемување на конкурентноста на компанијата и со тоа се отвора можноста едно друштво да преземе друштво на полесен начин, а со тоа да се влијае на конкурентноста на пазарот во Македонија. Мнозинскиот сопственик на винаријата Попова Кула, Јордан Трајков, пак, посочи дека иницијалната јавна понуда треба да биде примарен, а не алтернативен начин на финансирање на компаниите, особено на оние компании кои гледаат можност за брз раст. Извршниот директор на Поштел Брокер АД Скопје, Ѓорѓи Палевски истакна дека македонскиот пазар на хартии од вредност е ограничен со одредени ресурси и хартии од вредност кои нудат дивиденди кои сепак се поповолни во однос на орочените депозити, но се премногу малку за, како што рече, количината на капитал што стои затворен во рацете на приватни инвеститори од Македонија. Жално е што како пазар не можеме да ги апсорбираме тие средства.... Влијанието на банкарството е преголемо врз компаниите во Македонија, се уште поврзаноста меѓу начинот на управување на компаниите и менаџментите на банките е на високо ниво. Приватизацијата игра клучна улога за начинот на размислување во Македонија, бидејќи строго дефинирана приватна сопственост кај одредени компании нема. Така дополнителното издавање на некоја јавна емисија би претставувало страв кај одредени менаџери дека ќе го изгубат мнозинството ако не се оди на некоја понуда за познат купувач, потенцира Палевски.
Во рамките на настанот беше промовиран Водичот за Јавна понуда на хартии од вредност, изработен од Македонската берза АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Во Водичот се објаснува постапката за издавање хартии од вредност по пат на јавна понуда како начин на прибирање на слободен паричен капитал за долгорочно финансирање на компаниите, предностите и карактеристиките на јавната емисија, како и котацијата на берза. Наведени се и некои успешни приказни на јавна понуда кај нас и во светот.