На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на Александар Линин, најдобриот ученик од четврта година во Средното економско-правно училиште „Васил Антевски - Дрен" од Скопје на 10 март, 2014 година официјално почна одбележувањето на Глобалната недела на пари во Македонија. Настани како денешниот го прават предметот пари и управувањето со пари подостапен до младите генерации, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. - Сите ние во различна возраст се соочува со прашањето на финансиските средства, управувањето со нив и најефикасниот начин на користење на парите, како и со финансиските проблеми. Одредени истражувања покажуваат дека речиси половина од луѓето во некоја фаза имаат финансиски проблеми и за нив најчесто не се обраќаат до финансиските експерти, туку повеќе разговараат меѓу себе, со колегите на работа и семејството. Затоа е потребно да се подигне степенот на финансиска едукација за сите генерации, почнувајќи од децата во основно образование, рече Ставрески. Тој порача дека е значајно да се почитуваат средствата, да се знае дека до нив не се доаѓа лесно и да се управува правилно со нив за добро да се распределат и да се покријат сите финансиски потреби. Нема фаза од животот во која финансиските прашања не се значајни и во кои надградбата на човекот за тоа како треба да се управува на најлесен начин со парите не е значајна. Затоа е битно да се надградува финансиското знаење. Секој има и право и обврска да посвети повеќе внимание на финансиските прашања, бидејќи традиционално ретко кој пристапува кон изработка на буџет кога станува збор за сопствените средства... Управувањето со парите е иста одговорност како и управувањето со сопственото здравје. Колку подобро тоа го правите, толку полесно ќе ви биде во животот и ќе имате помалку финансиски проблеми, порача Ставрески.Би ви порачал како што се едуцирате за други работи исто толку, а можеби и позначајно е да ги разберете и финансиските прашања, односно да научите повеќе за парите, како подобро да се управува со нив и да се економизира со нив, рече Ставрески, нагласувајќи дека умешноста на управување со парите и економијата по дефиниција значат управување со ограничени ресурси. Главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев посочи дека во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Токму нивното разбирање и толкување е поврзано со нивото на финансиска едукација. Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, односно да се подобри финансиската инклузија. Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов истакна дека слична активност има во 17 берзи низ светот меѓу кои и берзите во Париз, Лондон, Берлин и Стокхолм. - Сето тоа укажува дека многу големо значење и се придава на финансиската едукација, особено на младите, бидејќи тие во иднина треба да бидат оспособени да стапуваат на пазарот на работна сила, да влегуваат во финансиски трансакции и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат, рече Богов.
На 30-те најдобри ученици од училиштето им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, едукативен портал на Македонска берза, кој е симулација на вистинското тргување. Ученикот кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие награда - бесплатна обука во Македонската берза за принципите на пазарите на капитал. Инаку, овој настан е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација во кое членуваат: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth finance international.) Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март и во неа учествуваат околу 2 милиона деца од над 100 земји во светот. Тие се вклучени во активностите кои се организирани од над 500 институции и организации.