На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во рамките на одбележувањето на „Глобалната недела на парите" на 14 март,2014 година Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одржа едукативно предавање во велешкото економско училиште ССОУ „Јовче Тесличков". Целта на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е да ја подигне финансиската писменост кај младите , бидејќи токму тие во иднина ќе стапат на пазарот на работна сила, ќе влегуваат во финансиски трансакции и ќе носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои ќе располагаат. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска, нагласи дека преку ваквиот едукативен караван , средношколците добиваат едукација и го осознаваат значењето и менаџирањето на парите.„Сметаме дека со предавањето ќе се зголеми интересот за финансиските институции, за инвестирањето а сето тоа ќе доведе до подобрување и зголемување на финансиската писменост кај ученциите", изјави, Чингаровска. „Лично сметам дека не само во една недела во годината, туку во секој ден од животот од управувањето со парите, од начинот на кој и приоѓаме на нивната вредност, зависи каков ќе ни биде животот. Низ нивната номинална вредност се определува вредноста на нашиот труд, а умешноста да ги претвориме парите во успешна инвестиција најдобро ја знаат нашите денешни гости". – рече градоначалникот на Велес Славчо Чадиев Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев посочи во една пазарна економија, настаните на Берзата и околу неа се едни од најважните економски феномени. Токму нивното разбирање и толкување е поврзано со нивото на финансиска едукација. Постои глобален консензус дека нивото на финансиска едукација и писменост во светот треба да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, односно да се подобри финансиската инклузија", рече Штериев.