На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители на 24 април, 2014 година организираа тркалезна маса на тема ,,Кривични дела поврзани со хартии од вредност. Целта е преку заедничка едукација и професионална обука на судиите , јавните обвинители и на вработените на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија што е можно повеќе кривични дела поврзани со хартии од вредност да добијат разрешница, со што ќе се зајакне довербата во пазарот на хартии од вредност кој е основен предуслов за привлекување на инвеститори и прилив на нов капитал во Република Македонија. Во секоја земја, за еден пазар на капитал успешно да функционира потребно е сите чинители , вклучително и судиите и јавните обвнители, да бидат запознаени со неговата структура и организација, со начинот на кој функционира и со регулативата што се применува, рече Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска на отворањето. Ете токму затоа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Академијата на судии и јавни обвинители ја организираме оваа тркалезна маса, рече Чингаровска која е прва од серијата средби на кои работно ќе соработуваат КХВ и Академијата.
Според Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, Академијата има клучна улога во јакнење на стручноста на правосудните институции и е професионален партнер во соработката со домашните и странски институции и проекти, каде веќе може да се вброи и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.