На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска и членот на КХВ г-дин Милаим Ајдини, заедно со претставници на Стручната служба на 8 април ,2015 година остварија работна посета на Агенцијата за регулирање на финансискиот пазар во Република Албанија (FSA), Тирана. Домаќините организираа работилница на тема: ,,Супервизијата и регулативата на пазарот на капитал и инвестициските фондови во Албанија,,. Отворајќи ја работилницата, Извршниот Директор на FSA, г-ѓа Енкеледа Шехи, направи краток опис на пазарите над кои FSA врши надзор и укажа на важноста што институцијата ја има за домашниот финансиски пазар. За време на работилницата, експерти на FSA го презентираа напредокот и развојот на пазарот на хартии од вредност и инвестициските фондови во Албанија. На пример, вкупната актива на инвестициските фондови на крајот на 2014 година изнесувала 4,7% од бруто домашниот производ, што претставува пораст во споредба со 2012 година, кога инвестициските фондови ја започнале за прв пат својата активност и нивната актива изнесувала само 1,2% од вкупниот БДП. При тоа, беше потенцирано значењето на пазарот на капитал во вкупната албанска економија, а беа опфатени и следните теми: - Правна рамка со која се регулира и врши надзор на пазарот на хартии од вредност и инвестициски фондови; - Инфраструктура на пазарот, како и улогата на FSA во нејзината супервизија и регулатива; - Онлајн електронската платформа на FSA за пазарот на хартии од вредност на Владата; - Напредокот на Албанија во Процесот за стабилизација, асоцијација за финансиските пазари, под надзор на FSA; - Европските директиви за регулирање на пазарот на капитал, предизвици и напорите на Албанија за нивната примена; - Важноста на развој на Тиранска берза; - Најновите случувања за зголемување на независноста на телото и јакнење на неговата улога во финансиските пазари.
Една поинаква перспектива беше презентирана од страна на Главниот извршен директор на "Рајфајзен Инвест", кој ги прикажа резултатите низ годините наназад и тоа за двата инвестициски фонда, "Рајфајзен Престиж" и "Рајфајзен Евро Инвест, кои имаат околу 33 илјади членови. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Елизабета Чингаровска ја претстави актуелната состојба на македонскиот пазар на капитал и реформите кои се спроведуваат од аспект на законска регулатива, примена на најновите софтверски решенија, имплементација на европските директиви и друго. Извршниот Директор на FSA, г-ѓа Шехи и претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, г-ѓа Чингаровска оваа посета ја оценија како многу важна, која ќе биде поттик да се продлабочи соработката и да се зајакнат односите меѓу двете институции .