На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Особено задоволство ми е да се обратам на денешната конференција по повод завршување на проектот кој се спроведуваше во Република Македонија во изминатите 18 месеци и кој имаше за цел усогласување на домашното законодавство со регулативата на ЕУ во областа на движење на капитал и платни и финансиски услуги со посебен осврт на пазар на хартии од вредност и инвестициски услуги. Исто така, оваа прилика ја користам во име на Комисијата за хартии од вредност на РМ да се заблагодарам на Европската Унија за велокодушната поддршка која ја даде за реализиција на нашата визија за приближување на Република Македонија до земјите членки на Унијата во областа на пазарот на хартии од вредност рече М-р Елизабета Чингаровска, Претседател на КХВ на РМ. Според неа, целите и принципите на работење и вредностите на КХВ, не мотивираат целосно да се усогласиме и да ги имплементираме релевантните ЕУ Директиви и да донесеме подобри закони, со што сите овластени пазарни учесници-берза, депозитар, инвестициски фирми ќе можат да ги планираат своите активности однапред и со поголема сигурност,што несомнено ќе доведе до раст и развој на пазарот на хартии од вредност, како значаен сегмент на македонската економија.Во изминатиот период ние сите упорно потсетувавме дека пазарите на хартии од вредност не функционираат во изолација и дека се што се случува во сите да дојде до подобрување на состојбите, потребно е да имаме модерно законодавство, компатибилно со Европската Унија или стандардизиран систем на закони кои важат во сите земји – членки. Затоа, преку имплементацијата на регулативата на ЕУ, сакаме да создадеме модерен и ефикасен пазар на хартии од вредност кој е отворен за соработка и интеграција со останатите финансиски пазари од Европа, со што рече Чингаровска ќе се искористи целосниот потенцијал на единствениот европски финансиски пазар, поддржан од модерната инфраструктура.Создавањето на посилен и високо регулиран пазар на хартии од вредност, усогласен со ЕУ регулативата ќе ја зголеми финансиската еластичност и ќе помогне парите да се движат таму каде што може да бидат најпродуктивни, каде што ќе можат да го помогнат развојот на компаниите. Таквиот пазар ќе може полесно да ги ангажира заштедите на граѓаните за постигнување на поефикасен раст, канализирање на инвестициите кон проекти на кои им треба финансирање, отварање на нови алтернативи за финансирање на деловните потфати на компаниите подвлече Претседателката на КХВ на РМ. Доколку навремено и целосно ги имплементираме ЕУ регулативите, дотолку побрзо ќе можеме да се надеваме на влез на повеќе странски инвестотори кои преферираат стабилност наместо постојано менување и неусогласеност на регулативата, континуирани и сигурни наместо високи, а еднократни приходи. Сето ова, рече Чингаровска ме мотивира, заедно со мојот тим да работиме на изградба на поликвиден, постабилен, поефикасен пазар на хартии од вредност кој се повеќе ќе се користи при финансирање за бизнисите во Македонија, како и за обезбедување на повеќе можности за потенцијалните инвеститори. Претседателката на КХВ ја спомена и СЕЕ Линк платформата во која се вклучени неколку берзи од регионот, а со која се создаде добра инфраструктура за инвеститорите, на домашните вложувачи и на финансиските посредници им се отворија нови бизнис можности, за почеток компаниите од трите земји веќе се доближија кај потенцијалните инвеститори. Ако на ова се додаде и предложената законска регулатива изготвена преку овој проект, финансиран од Европската Унија,според Чингаровска може да се констатира дека состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност се движат во позитивна насока.