На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Од 13 мај во Скопје Сити мол се одржa јавниот настан „Денови на финансиската писменост" на кој зема учество и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Тридневниот настан имаше за цел да стави силен акцент на финансиската едукација кај луѓето, како и да се подигне нивото и општата свест за финансиската писменост.
На официјалното отворање на настанот свое обраќање имаа министерот за финансии, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, претседателот на Советот на експерти од Агенцијата за супервизија на осигурувањето и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Овој тридневен настан беше исполнет со многу активности коишто овозможија финансиска едукација на сите посетители. Преку изложбен дел, посетителите се информираа за сите финансиски параметри во врска со одредени теми коишто ги засегаат, имаше презентации на одредени продукти од учесниците, како и голема забава за најмладите со нивното вклучување во проекти со кои од рана возраст ќе се влијае на нивната финансиска писменост преку финансиско-едукативни активности. Мултимедијалните пултови беа отворени во периодот од 12 до 20 часот.
„Деновите на финансиската писменост" беше во организација на Скопје Сити мол во соработка со Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
На овој мултимедијален настан учествуваа претставници на финансиските институции како што се: банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со пензиските фондови и микрофинансиските институции.