На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити и комисионерот Душко Гошевски на 27 јуни, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на Република Словенија во Љубљана. Нивни домаќин беше директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час со тимот.
Беше разговарано за досегашната соработка помеѓу двете регулаторни тела и можностите за продлабочена соработка во иднина. Словенечкиот регулатор го претстави нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот. Интегрираниот систем е составен од неколку модули кои овозможуваат непречена размена на нумерички и ненумерички податоци со Централниот регистар на Република Словенија, Централниот Депозитар, Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Словенија. Овој систем содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазари те на капитал на сите држави членки на ЕСМА.
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити ја претстави актуелната состојба на македонскиот пазар на капитал и реформите што се спроведуваат и истакна дека во наредниот период, Комисијата ја очекуваат предизвици поврзани со имплементација на ЕУ Директивите во домашното законодавство кои ќе резултираат со две нови законски решенија, зајакнување на ИТ и човечките капацитети, супервизијата на овластените ентитети, како и продлабочување на мегународната соработка со регулаторите во регионот.
Словенечкиот регулатор изрази отвореност и подготвеност преку техничка помош и поддршка да и помогне на Комисијата за хартии до вредност на РМ, во процесот на апликација со цел искористување на средства од европските претпристапни фондови заради техничко-технолошко унапредување и развој на ИТ капацитетите на Комисијата. И двете страни, посетата ја оценија како важна, која се очекува да биде поттик за унапредување на соработката и за зајакнување на односите меѓу двете институции .