На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Ако одзивот по јавниот повик за учество во Европскиот квиз на пари е некаков показател, лесно може да се дојде до заклучок дека нашите деца брзо ќе мора да почнат да ги вртат страниците на книгите за пари и финансии. На повикот за учество на овој квиз се пријавени 145 класа од основните и средни училишта од сите четири страни на нашата држава. Реакција поголема од очекувањата, со оглед на тоа што тој по прв пат се одржува во нашата земја, на оние кои ја почнаа акцијата Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Министерството за образование и наука на Република Македонија, Македонската банкарска асоцијација и Народната банката на Република Македонија организатори на квизот имаат една цел – едукација за финансиска писменост на младите на возраст од 13 до 15 години.
Што се парите, кога настанале, каде се печатат, кој ги издава, кој ги чува се дел од прашањата на кои тинејџерите од нашата земја треба да даваат одговори. Ќе треба да знаат и што е кредит, камата, профит, курсна разлика ... Што се акции, каде и како се купуваат или продаваат, како да се заштити од компјутерски измами. Многу прашања кои македонската иднина треба набрзина да ги научи и совлада.
Квизот инаку се одвива во две фази, од која првата се националните првенства во земјите учеснички за време на Европската недела на парите и финален натпревар кој се одржува во Брисел (Кралството Белгија) на 7-ми мај годинава.
Натпреварувањето во Македонија ќе започне на 13 март кога ќе се спроведе првиот подготвителен тест во сите класови/одделенија во школите кои пријавиле учество, за да една недела подоцна се одржи и вториот подготвителен тест. Најдобрите два ученика по овие два теста ќе настапат на финалниот натпревар, кој ќе се одржи во Скопје на 27 март, по кој ќе бидат познати победниците кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Европскиот квиз на парите во Брисел.
И на националните натпревари, како и на завршницата во Белгија, учесниците тестовите ќе ги полагаат на својот мајчин јазик.