На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска на 27 септември, 2018 година ги врачи наградите за најдобар научно истражувачки труд и есеј за Конкурсот на тема:„ Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност,, што неодамна го распиша нашата институција.
Силвија Јакимовска и Габриела Петровска се коавтори на најдобриот научно истражувачки труд и согласно објавените правила на Конкурсот, КХВ им додели парична награда во вредност од 30.000,00 денари, која им се распределува рамномерно, a Марио Ѓорѓиев е автор на наградениот есеј и се стекна со право да учествува на една обука по избор на добитникот - обука за инвестициони советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари).
Во оваа пригода, Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на РМ М-р Нора Алити рече: Овој конкурс не охрабрува и не уверува дека младите ученици и студенти имаат интерес за пазарот на капитал , за евроатланските организации и за придобивките кои ќе ги имаме со аспирацијата на нашата земја во големото европско семејство. Токму научно-истражувачката дејност, а со тоа и резултатите синтетизирани во трудовите се релевантни за носителите на финансиските политики и придонесуваат при креирање на мерки и активности за развој на пазарот на хартии од вредност и воопшто за економијата. Ви ветувам дека ова ќе стане наша пракса и дека и во иднина ќе продолжиме да ги мотивираме младите и да ги едуцираме за пазарот на хартии од вредност преку најразлични алатки,,.
Младите автори во своите трудови заклучуваат дека не постои друга поповолна алтернатива за развојните перспективи надвор од евроатлантскиот интеграциски процес. Ваквата теза ја потврдуваат со бројни аргументи меѓу кои дека ЕУ е најмоќната регионална економска интеграција во светот со силна економија, пазар со голема апсорпциона моќ којшто е во тесна корелација и каузалност со бројноста на населението и високиот доход per capita, што е неспоредливо со пазарната големина на Македонија. Според нив, потребно е формирање на платформа која би ја зголемила интеграцијата и функционирањето на берзите, меѓутоа неопходно е да се поттикне и развојот на примарниот пазар на капитал. Во рамки на презентацијата на трудовите беше потенцирано дека инвестирањето во знаењето е клучен фактор за развојот, поконкретно едуцирањето на управувачката структура на деловните субјекти и целокупното население за придобивките кои ги нудат единствено пазарите на хартии од вредност.
Инаку, ова е прв Конкурс за најдобар научно истражувачки труд/есеј на тема од областа на пазарот на хартии од вредност, што воопшто го распишала Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.