На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги известува сите заинтересирани лица дека ќе ја организира 7-мата обука на кадри за инвестиционо советување. Обуката ќе се организира во работни денови во попладневните часови и денови на викенд, согласно распоредот на кандидатите кој ќе го добијат на првиот ден на обуката. Доколку за обуката се пријават помалку од 30 учесници, истата ќе се спроведе како менторска настава, за што пријавените учесници ќе бидат навремено известени.
По завршување на обуката, кандидатите ќе полагаат стручен испит за инвестиционо советување. Сo полагање на стручниот испит за инвестиционо советување кандидатите се стекнуваат со уверение за положен стручен испит за инвестиционо советување.
Пријавувањето на кандидатите се врши писмено, со доставување на пријави во архивата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија или по пошта на следната адреса:
Комисија за хартии од вредност на Република Македонија
ул.Македонија бр.25
Палата Лазар Поп Трајков
П.фах 859
1000 Скопје
За учество на обуката кандидатот треба да ги достави следните документи:
1. Пријава за следење на 7-мата обука за инвестиционо советување (може да се најде на веб страната на Комисијата во делот на – Обуки www.sec.gov.mk );
2. Уверение за завршено четиригодишно високо образование VII/1 или студирал според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) и доказ за искуство од најмалку една година во областа на финансиите (оригинал или копија со нотарска заверка);
3. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за кривично дело во последните пет години;
4. Доказ дека не е осудуван со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;
5. Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 25.000,00 денари на жиро-сметката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија:
240-0100015825-35, депонент на УНИ банка АД Скопје
210-0444346201-73, депонент на Тутунска банка АД Скопје
200-0000122022-04, депонент на Стопанска Банка АД Скопје
300-0000020097-79, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје
330-0700477004-65, депонент на Капитал Банка АД Скопје
290-1000000959-79, депонент на ТТК Банка АД Скопје
320-1000023805-75, депонент на Централна Кооперативна Банка АД Скопје
270-0444346201-80, депонент на Халк Банка АД Скопје
500-0000007383-91, депонент на Стопанска Банка АД Битола
Цел на дознака: учество на обука за инвестиционо советување. Пријавувањето на кандидатите е во периодот од 30.10.2018 година до 06.11.2018 година.
За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонските броеви на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 02/3244-670 и 02/3244-678, или на е-mail vasko@sec.gov.mk ivana@sec.gov.mk.
Комисија за хартии од вредност на
Република Македонија
Претседател
М-р Нора Алити
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
До
КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ул.Македонија бр.25
Палата Лазар Поп Трајков
1000 Скопје
П Р И Ј А В А
Јас ___________________________ со ЕМБГ ________________________ , адреса на живеење___________________________ ,електронска пошта_________________________ , контакт телефон __________________ се пријавувам за следење на 7-тата обука за инвестиционо советување.
Датум _________ година
Подносител на пријава
_ ________________________
Прилог:
- Уверение за завршено четиригодишно високо образование VII/1 или студирал според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) (оригинален документ или копија со нотарска заверка);
- Доказ дека лицето има искуство од најмалку една година во областа на финансиите);
- Доказ дека лицето не е осудувано со правосилна судска одлука за кривично дело во последните пет години;
- Доказ дека лицето не е осудувано со правосилна судска одлука за сторено кривично дело предизвикување на стечај на правно лице;
- Доказ за извршена уплата на надомест во висина од 25.000,00 денари на една од жиро-сметките на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија:
*се согласувам да се проследат за обработка моите личниподатоци опфатени во пријавата во согласност со Законот зазаштита на лични податоци (Сл. Весник на РМ бр. 7/2005 инеговите измени)
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги известува сите заинтересирани лица дека ќе ја организира 17-тата обука на кадри за работење со хартии од вредност. Обуката ќе се организира во работни денови во попладневните часови и денови на викенд, согласно распоредот на кандидатите кој ќе го добијат на првиот ден на обуката. Доколку за обуката се пријават помалку од 30 учесници, истата ќе се спроведе како менторска настава, за што пријавените учесници ќе бидат навремено известени.
По завршување на обуката, кандидатите ќе полагаат стручен испит за работење со хартии од вредност. Сo полагање на стручниот испит за работење со хартии од вредност се стекнуваат со уверение за положен стручен испит за работење со хартии од вредност.
Пријавувањето на кандидатите се врши писмено, со доставување на пријави во архивата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија или по пошта на следната адреса:
Комисија за хартии од вредност на Република Македонија
ул. Македонија бр.25
палата Лазар Поп Трајков
П.фах 859
1000 Скопје
За учество на обуката кандидатот треба да ги достави следните документи:
240-010001582535, депонент на УНИ банка АД Скопје
210-0444346201-73, депонент на Тутунска банка АД Скопје
200-0000122022-04, депонент на Стопанска Банка АД Скопје
300-0000020097-79, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје
330-0700477004-65, депонент на Капитал Банка АД Скопје
290-1000000959-79, депонент на ТТК Банка АД Скопје
320-1000023805-75, депонент на Централна Кооперативна Банка АД Скопје
270-0444346201-80, депонент на Халк Банка АД Скопје
500-0000007383-91, депонент на Стопанска Банка АД Битола
Цел на дознака: учество на обука за работење со хартии од вредност.
Пријавувањето на кандидатите е во периодот од 30.10.2018 година до 06.11.2018 година.
За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонските броеви на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија: 02/3244-670 и 02/3244-678, или на е-mail vasko@sec.gov.mk и ivana@sec.gov.mk.
Комисија за хартии од вредност на
Република Македонија
Претседател
М-р Нора Алити
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
До
КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
ул.Македонија бр.25
Палата Лазар Поп Трајков
1000 Скопје
П Р И Ј А В А
Јас ___________________________ со ЕМБГ ________________________ , адреса на живеење___________________________ ,електронска пошта_________________________ , контакт телефон __________________ се пријавувам за следење на 17-тата обука за работење со хартии од вредност.
Датум _________ година
Подносител на пријава
_________________________
Прилог:
*се согласувам да се проследат за обработка моите личниподатоци опфатени во пријавата во согласност со Законот зазаштита на лични податоци (Сл. Весник на РМ бр. 7/2005 инеговите измени)