На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.
Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамките на Европската недела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија.
Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра. Финалниот натпревар во Белгија ќе се одвива на мајчиниот јазик на учесниците.
Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија / класови за учество на националниот натпревар во Република Македонија, најдоцна до 31 јануари 2019 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk
Притоа, треба да се има предвид следново:
Во периодот од крајот на јануари до почетокот на март, ќе се одвиваат подготовки и интерно тестирање на пријавените одделенија / класови за потребите на националниот натпревар. Организаторите на настанот ќе се погрижат за едукативните материјали коишто ќе им бидат потребни на учесниците од Република Македонија за подготовка за интерното тестирање, националниот натпревар и европското финале, за што пријавените одделенија / класови и нивните ментори ќе бидат навремено информирани.
Повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.