На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија секојдневно се залага за подобрување на инвестициската клима во државата, практикување на доброто корпоративно управување, неприкосновена заштита на инвеститорите и на акционерите, како и за спречување на нечесни и незаконски дејства на пазарот на капитал. Вложува голем труд да се создаде и одржува пазарно опкружување кое ја оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентност и интегритет.
Заради спроведување на оваа заложба и со верба дека акционерските друштва се стремат кон целосно почитување на законските прописи и за примена на добрите корпоративни практики, Комисијата уште еднаш ги потсетува акционерските друштва кои не котираат на овластена берза и кои не се акционерски друштва со посебни обврски за известување дека согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност имаат обврска во законски определен рок за објава на интернет страната на Македонска Берза АД Скопје (www.mse.mk) на следните финансиски податоци:
- приходи (вкупно), добивка од редовно работење пред оданочување, добивка за финансиската година, нето готовински тек, добивка за финансиска година по акција и дивиденда по акција во рок од 15 дена од усвојувањето на годишната сметка, односно финансиските извештаи на друштвото и
- ревидирани финансиски извештаи и мислење од овластен ревизор во рок од 15 дена од усвојувањето на истиот доколку друштвото согласно закон е должно да ги подведе на ревизија своите финансиски извештаи.
Акционерските друштва се должни да ги објават податоците кои се однесуваат на промени во сопственичката структура над 10%, статусни измени на друштвото, промени во органите на управување и раководење, нова емисија на хартии од вредност и други промени во работењето кои значајно влијаат врз цената на хартиите од вредност во најкраток рок, но не подоцна од десет календарски дена од денот на настанатата промена.
КХВ ве информира дека треба редовно и ажурно да ги објавувате податоците и информациите и со тоа заеднички да ја зголемуваме транспарентноста на пазарот на капитал, која е важна при носење на инвестициските одлуки.
Комисија за хартии од вредност на
Република Северна Македонија
Претседател
Mr.Sc. Nora Aliti