На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
На 27 јануари 2023 година, во Брисел, се одржа билатералниот скрининг, за Поглавје 6-Право на трговските друштва, како дел од Кластерот 2-Внатрешен пазар, организиран од страна на Европската комисија.
Претставниците на Комисијата за хартии од вредност, зедоа активно учество во рамки на Работната група за Поглавјето-6, на начин што, на самиот скрининг, детално се презентирани информации од досегашните напори, за транспонирање и имплементирање на законодавството на Европската унија, особено во делот на основањето и барањата поврзани со одржувањето и промената на основачкиот капитал кај акционерските друштва, домашните и прекугранични статусни промени, како и корпоративното управување, преку донесувањето на новиот Кодекс за корпоративно управување.
Во однос на правото на трговските друштва, истакнато е дека е неопходно дополнително усогласување со најновото законодавство на Европската унија, кое се однесува на: дигитализација на процесите, прекуграничните операции, како и со правилата за поттикнување на долгорочно ангажирање на акционерите. За таа цел, во постапка е изготвување нов Закон за трговските друштва, во рамките на ИПА проект „Зајакнување на внатрешниот пазар“, финансиран од страна на Европската унија. Главните очекувања од донесувањето на овој закон е да се обезбеди поедноставно, побрзо и поефикасно формирање на компанија и обезбедување сеопфатни информации без бариери, да се подобри корпоративното управување во компаниите чии хартии од вредност се тргуваат на регулирани пазари, да се подобри заштитата за акционерите и другите засегнати страни, со особен интерес за компаниите, како и за вработените и за доверителите, бизнисот да стане поефикасен, конкурентен и одржлив на долг рок и да се поттикнат компаниите со седиште во нашата земја, да соработуваат со компании од земјите на ЕУ
Во делот на транспарентноста, истакнато е дека Законот за хартии од вредност и Правилата за котација на Македонската берза се дизајнирани да бидат во согласност со барањата на ЕУ Директивата за транспарентност. Тоа значи дека на инвеститорите им се обезбедуваат информации за издавачите чии хартии од вредност котираат на Берзата, и тоа периодични финансиски информации, како и ценовно чувствителни информации, вклучувајќи ги и информациите за поседување значителен процент од правата на глас. Објавувањето на регулираните информации се обезбедува на недискриминаторска основа и на начин кој обезбедува брз пристап до тие информации, преку Системот за електронски информации за котирани друштва (СЕИ-НЕТ) на Македонската берза.