На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Македонска берза и оваа година се приклучува кон Иницијативата “Ring the Bell for Gender Equality”. Темата за 2023 година е “DigitAll: технологија и иновации за родова еднаквост“, со што токму на Меѓународниот ден на жената се препознава придонесот на жените ширум светот кои се залагаат за унапредување на трансформативната технологија и дигиталното образование. Иницијативата која е поддржана од 123 други берзи има за цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во приватниот сектор, прашањата поврзани со економијата, финансиите и одржливиот развој.
По овој повод, денеска, ѕвоното на Македонска берза заеднички го заѕвонија Даринка Дамјановиќ, Извршен директор на ЦДХВ, Јасна Смилева, Координатор на сектор за супервизија на пазарот на капитал во Комисијата за хартии од вредност, Катерина Илиќ-Нонкуловска, Раководител на Службата за услуги со хартии од вредност во НЛБ Банка Скопје, Весна Каркинска, Извршен директор во Генерали Инвестментс и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.
Во оваа прилика, Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев, изјави „Вклучувањето на Македонска берза пред три години во глобалната Иницијатива „Да заѕвониме за родова рамноправност“ беше израз на заложбите на Берзата темата за родова рамноправност во бизнисот во Македонија да се подигне на повисоко општествено ниво, односно нејзиното уверување дека домашните бизниси ќе станат поуспешни доколку се подигне степенот на инклузијата на жените во деловниот свет со што уште повеќе ќе се искористи нивниот креативен потенцијал. Во оваа насока, токму развојот и пошироката примена на иновативните дигитални технологии може и треба да биде алатка за надминување на моменталната полова нееднаквост во разни сфери од корпоративниот живот и да го засили претприемачкиот и менаџерскиот потенцијал на жените“.
‘’На темата за рамноправност во финансискиот свет кај нас се говори веќе неколку години. Имајќи ги во предвид сите искажани заложби за поголема вклученост на жените на раководни функции, односно нивна поголема застапеност во органите на управување, Комисијата ги преточи и во конкретно законско решение. Имено во предлог законот за финансиски инструменти се регулира подеднаквата застапеност на двата пола во органите на управување кај сите субјекти кои се под супервизија на Комисијата. Ова барање нема да остане само на хартија, напротив ние во Комисијата ќе инсистираме подеднаквата застапеност да биде постигната во првите години од спроведување на овој закон’’ изјави Јасна Смилева, Координатор на сектор за супервизија на пазарот на капитал во Комисијата за хартии од вредност.
‘’Соочени со предизвиците во последните неколку години на светска сцена, вклучително и на пазарите на капитал, родовата еднаквост стана не само нужност, туку и извор на синергија во бизнис сферата и во процесите на дигитализација. Искуството покажа дека турбулентните времиња се катализатор за пронаоѓање на иновативни заеднички решенија. Во тој контекст сè уште постои простор за промовирање на жената на пазарот на капитал и неговиот дигитален развој’’ истакна Катерина Илиќ-Нонкуловска, Раководител на Службата за услуги со хартии од вредност, НЛБ Банка Скопје.
Ова е 9-та кампања на глобалната Иницијатива „Да заѕвониме за родова рамноправност“ којашто е партнерство помеѓу Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Светската федерација на берзи (WFE), Иницијативата за одржливи берзи (SSE), во која Македонската берза е учесник, Глобалниот договор на ОН, UN Women и Women in ETFs, за промовирање на родовата еднаквост на пазарите на капитал.
Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамнопраност, Берзата и оваа година објавува ажурирана анализа за состојбите со половата структура на составите на органите на управување кај котираните акционерски друштва што е достапна на следниов линк: https://www.mse.mk/mk/news/8/3/2023/gender-analysis-2023