На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Денес, 18-10-2021 година стартува втората генерација на слушатели на обуката Certified Portfolio Management која Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ја организира во соработка со Академијата за банкарство и информатичка технологија-АБИТ.
Програмата за сертифициран портфолио менаџер е структурирана во три нивоа и истата претставува развивање вештини, односно разбирање и управување со портфолиото и за индивидуален и за професионален клиент. Воедно, обуката на слушателите ќе им овозможи да стекнат знаења за портфолио стратегии за различни класи на имот, вклучувајќи фиксен принос, капитал и алтернативен начин на финансирање.
Целта е развивање на вештини во проценките на основната веројатност и статистика, запознавање со инструменти и концепти со фиксен принос и запознавање со концептите за вреднување на капиталот.
Предавањата ќе се реализираат он-лајн преку ZOOM платформата секој понеделник и четврток со почеток од 18.00 часот и во времетраење од три школски часа.
Во следните три месеци во рамките на оваа обука ќе се спроведат предавањата од првото ниво од Програмата која вклучува два модули, а кои ја разработуваат тематската област Квантитативни методи на вреднување на портфолиото и Анализа на финасиски извештаи.
Во првото ниво, слушателите ќе имаат можност да ги развијат вештините за проценка на основната веројатност и статистика, но и да се запознаат со инструментите и концептите со фиксен принос, техничката анализа, како и концептите за вреднување на капиталот.
Согласно структурата на предавања, слушателите ќе имаат можност овие вештини да ги усовршат во соработка со едукатори кои се експерти во оваа област, како од страна на унверзитетски професори, така и од страна на претставници од индустријата.