На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, претставниците на Република Северна Македонија, младите велешани Викторија Панова и Марко Инѓилизов, го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа вчера во Брисел, Белгија. Првото место го освоија претставниците на Словенија, додека третопласиран е тимот на Германија. Ова е голем успех не само за Панова и Инѓилизов, туку и за Македонската банкарска асоцијација заедно со Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Народната Банка на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука како и за Република Северна Македонија, афирмирани преку постигнатиот резултат на меѓународното натпреварување кое по вторпат го организира Европската банкарска федерација со цел охрабрување на наставниците и училиштата да ги едуцураат своите ученици од областа на финансиите.
Двајцата ученици на гимназија „Кочо Рацин" од Велес, Панова и Инѓилизов, на европското финале учествуваа како претставници на земјава, откако во март годинава остварија најдобри резултати на националниот натпревар, кој го организираше Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука. На националниот натпревар учествуваа околу 300 нивни врсници, откако претходно преку интерните тестирања во училиштата ја поминаа селекцијата од околу 3000 ученици.
На европско ниво, на Квизот учествуваа над 100.000 ученици на возраст од тринаесет до петнаесет години, од кои околу шеесет беа национални победници и како претставници на своите земји се пласираа на финалето во Брисел.
Покрај претставниците на нашава земја, која е дебитант на ова натпреварување, на финалето на Европскиот квиз на парите годинава настапија и тимови на Австрија, Азербејџан, Албанија, Белгија, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Холандија, Хрватска, Чешка, Шведска и на Шпанија.
За време на натпреварувањето, Европската банкарската федерација организираше одделен едукативен настан за менторите на националните претставници, на кој беа пренесени бројни идеи за финансиско едуцирање на младите во рамки на наставните и воннаставните активности на училиштата во Европа. На овој настан учествуваа и менторот на Панова и Инѓилизов, професорот Марјан Стојановски и претставничката на Македонската банкарска асоцијација, Оливера Ѓорѓиева.
Тимот на Северна Македонија, како еден од победниците на Квизот, покрај одликувањето за освоено второ место на европско ниво, од ЕБФ доби и парична награда од 2.000 евра, наменета за велешката гимназија „Кочо Рацин". Овие средства, училиштето ќе треба да ги искористи за проекти од областа на финансиската едукација по сопствен избор.
Националното натпреварување во рамки на Европскиот квиз на пари е еден од најмасовните настани од натпреварувачко-едукативен карактер наменет за ученици, организиран во земјава изминативе неколку години. Постигнатиот успех на меѓународно ниво ќе биде дополнителен мотив за уште поголем интерес за ова натпреварување во текот на следните години.