На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Симона Ковачевска -Стефанова, Докторанд на Економскиот факултет во Скопје, вработена на позицијата Економист во Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје е авторот кој ја освои наградата на Комисијата за хартии од вредност за 2022 година од областа на пазарот на капитал. Наградениот труд е со наслов: Детерминанти на цената на дозволите за емисии на јаглерод диоксид во ЕУ ЕТС и поврзаност со пазарот на капитал,,.
Одборот за оценување и избор на најдобар труд од областа на пазарот на капитал, со кој претседаваше Д-р Јетон Мазлами - Професор на Факултет за бизнис и економија при УЈИЕ, Претседател, а членови беа Д-р Сашо Арсов - Професор на Економскиот факултет при УКИМ, Д-р Вјолца Хасани Лимани – Професор на Економски факултет при Универзитетот во Тетово , М-р Габриела Јовева Ѓуровска- Главен советник за односи со јавност во КХВ и Мате Стојановски- Главен правен советник во КХВ, при изборот се раководеа меѓу другото, од релевантноста и атрактивноста на истражуваното подрачје, соодветноста на искористената литература и дадените заклучоци и препораки.
Извештајот од Одборот за оценување и избор на најдобар труд е достапен на следниот линк: www.sec.gov.mk/media/files/2023/Резултати%20од%20конкурсот%202022-КХВ%20(мк).pdf
КХВ ја доделува Годишната награда за млади истражувачи по четврти пат. Со наградата за истражувачки труд, КХВ ја мотивира младата популација за унапредување и развој на истражувачката работа во областа на пазарот на капитал, како и афирмација на млади и стручни кадри, а со тоа и зајакнување на институционалната општествена одговорност од сите аспекти на своето делување.
Комисијата за хартии од вредност во континуитет презема бројни активности со кои ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на пазарот на хартии од вредност и придонесува за унапредување на знаењето на младите како идни носители на политиките. Една од тие активности е и Конкурсот за доделување на Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на пазарот на капитал , кој КХВ го предвидува во Годинашните програми за работа.