На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Се одржа годишниот состанок за почеток на втората фаза од регионалниот проект − Техничка помош за финансиска едукација и инклузија
27.11.2023
На покана на Министерство за финансии на Холандија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со свој претставник учествуваше на низа работни средби во рамки на годишниот состанок од регионалниот проект − Техничка помош за финансиска едукација и инклузија.

Работните средби се одржаа во Хаг во периодот од 23-ти до 24-ти ноември и го означија почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните, а присуствуваа претставници од 10 земји од ЦЈЕ кои се вклучени во проектот.  

На панел-дискусијата со наслов „Финансиска писменост и финансиска едукација: нови предизвици и стратегиски приоритети “стави фокус на дигитализацијата во финансиите која носи бројни предности, вклучително и подобар пристап до финансии, којшто, пак, е важен за намалување на сиромаштијата и за повисок економски раст. Според некои истражувања, со полесен пристап до финансиите може да се зголеми економскиот раст на една земја, а ако станува збор за дигитален пристап до финансиите, дури и повеќе. Сепак дигиталната ера носи и нови ризици. Ризиците од дигиталните иновации, како што се евентуалните нови видови на е-измама, откривањето, прашањата околу безбедноста и доверливоста на податоците, полесниот пристап до краткорочни кредити и потенцијалната презадолженост на домаќинствата, мора да се третираат внимателно, не само од регулаторна гледна точка, туку и преку зголемување на свеста за нив во рамките на процесот на финансиска едукација.

Воедно на средбите се истакна дека во рамките на првата фаза на проектот, во изминативе неколку години, е направен значителен напредок што беше потврдено и од страна на меѓународните институции. Така, во Република Северна Македонија во 2021 година ја донесе првата национална Стратегија за финансиска едукација и инклузија, неколку стратегиски документи, а спроведени се и бројни едукативни активности, со кои меѓу другото, се посветува внимание и на дигиталната писменост. За ефективно спроведување на Стратегијата, се зема предвид потребите на младата и на постарата популација и се нудат различни видови образовни можности за целото население, што вклучуваат онлајн предавања, едукативни објави на веб-страницата и социјалните мрежи, едукативни видеоигри и онлајн квизови.

Во рамките на овој настан за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД, беше организирана и посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На оваа средбата, се дискутираше за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на секој поединец, а за поголем прогрес потребни се напори од страна на носителите на политиките, но пак значајна улога имаат и самите финансиски институции даватели на финансиски услуги.

Проектот финансиран од холандското Министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД има за цел поддршка на земјите од Конституенцата на ММФ и Светска банка, вклучително и нашата држава, во напорите за зголемување на финансиската писменост која, според Анкета спроведена од ОЕЦД,  кај нас е слична како и во регионот на ЈИЕ и бара вклучување на многу засегнати страни, за да се постигнат забележителни резултати.

Нашата прва национална Стратегија за финансиска писменост, која беше донесена во 2021 година е добра основа за координиран пристап на јавните и приватните институции, како и невладиниот сектор. Од гледна точка на субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор кои можат да придонесат во оваа област, финансиската едукација станува дел од нивната општествена одговорност и важен аспект во градењето на нивниот углед.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA