На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Целта на деновите на финансиска писменост е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. Ова беше истакнато на денешниот почетен настан по повод Денови на финансиска писменост, кој се организираше пред платото на Министерството за финансии, кое беше посетено од повеќе од 300 ученици од основни и средни училишта, како и од голем број на заинтересирани граѓани.
На настанот со инфо-пултови учествуваа институциите од Телото за финансиска едукација, односно Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС. Учествуваа и банки, осигурителни друштва, штедилници и други финансиски компании кои ја поддржаа акцијата. Во оваа прилика, Претседателката на КХВ, Нора Алити најави дека граѓаните ќе можат следните три дена да се информираат и на пулт кој ќе биде поставен пред седиштето на Комисијата.
Во наредните три дена пред платото на седиштето на Комисијата ќе има поставено инфо пулт каде сите граѓани ќе можат да пристапат и да добијат одговор на сите прашања кои ги имаат во врска со работата на регулаторот на пазарот на хартии од вредност, финансиските инструменти, заштитата на акционерските права. Во оваа кампања се вклучени и Македонската Берза, Централниот депозитар на хартии од вредност, брокерските куќи, дирекциите кои работат со хартии од вредност во банките, како и друштвата за управување со инвестициски фондови кои во наредните три дена ќе бидат отворени за граѓаните - рече Алити.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека се преземаат активности за финансиска едукација на различни целни групи. „Изминатиот период опфатени се повеќе основни и средни училишта, но одржани се и стручни предавања на факултетите.Преземаме активности за поголема финансиска инклузија. За таа цел во изработка е Законот за платни системи и платежни услуги кој го подготвуваме во соработка со Народната банка. Тој предвидува воведување платежна сметка со основни функции, која ќе може да ја отвори секој граѓанин. Исто така, со Законот ќе се воведат решенија што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги" – рече министерот за финансии Тевдовски и посочи дека Министерството презема и мерки за заштита на правата на потрошувачите преку совети за безбедно користење на финансиските услуги.
"Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, истакна дека централната банка презема низа активности за проширување на знаењето на помладите генерации, но и на повозрасното население. „Во рамки на годинешново издание на оваа, веќе традиционална манифестација, Народната банка ќе спроведе концепт поразличен од претходните ‒ концепт на отворени врати за сите заинтересирани граѓани. Имено, во следниве три дена, во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка ќе одржи информативно-едукативни презентации за возрасната популација за дел од своите клучни функции: монетарната политика, банкарскиот систем и платниот систем и платежните услуги. Сите заинтересирани граѓани ќе може да го посетат информацискиот пулт во Народната банка заради добивање одговори на прашањата коишто се во доменот на централнобанкарското работење" – рече Ангеловска-Бежоска. Инаку активностите на институциите за Деновите на финансиската писменост продолжуваат и следните неколку дена. Во Народната банка ќе има инфо-пулт до петок, од 10 до 13 часот. Информативни пултови по повод на Деновите на финансиската писменост ќе има и во експозитурите и филијалите во дел од банките во земјава, како и во штедилниците. За првпат, банките и штедилниците, вакви пултови ќе имаат во повеќе градови низ земјава, со што ќе се обезбеди подобар опфат на популацијата.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС, Максут Али, истакна дека тие како институција за Деновите на финансиска писменост упатиле јавен повик до граѓаните за отворени денови во оваа институција. „Од утре сите граѓани ќе можат да се информираат за прашања поврзани со капитално пензиско осигурување во просториите на МАПАС, но и кај пензиските друштва" – истакна тој.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Климе Попоски, истакна дека АСО уште од самото формирање се залага за унапредување на финансиската писменост, организирање финансиски едукативни активности, подготовка на информативни брошури и интерактивни игри за децата преку кои ќе добијат повеќе знаење во областа на осигурувањето."