На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Европскиот квиз на пари е најголемиот европски натпревар за финансиска писменост за ученици на возраст од 13 до 15 години, кој привлекува до милион играчи годишно од 29 европски земји преку Kahoot! платформата. Воведен заедно со кампањата за одбележување на Европската недела на пари, Европскиот квиз за пари е дел од иницијативите за финансиска писменост на Европската банкарска федерација, истакнувајќи ја важноста на финансиската едукација на младите луѓе.
Оваа година, на финалето учениците одговораа на 20 прашања за оценување на нивните финансиски вештини кои се пред се усогласени со насоките на OECD/INFE и секако основните компетенции за финансиска писменост на младите, вклучувајќи прашања за одржливоста, онлајн измамите, буџетирањето, како и криптовалутите. Најдобрите три екипи ќе освојат парична награда, а најдобрите пет екипи ќе бидат гости на ЕБФ при дводневно патување во Брисел на 20-ти и 21-ви јуни.
Меѓу тимовите на ученици од 29-те европски земји кои денес учествуваа на финалето на Европскиот квиз за пари, претставниците на Норвешка беа најдобри и најбрзи, тимот на Италија се искачи на второто место, претставниците на Ирска го освоија третото место, додека пак тимовите на Србија и Малта ќе ги дружат прво пласираните на патувањето во Брисел како четврто и петто пласирани.
Националното финале беше организирано од страна на националните банкарски асоцијации и се одржа во март и април во 29 различни земји од Европа: Албанија, Австрија, Азербејџан, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Северна Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Турција.
„Интересот за Европскиот квиз на пари продолжува да расте, со сè повеќе ученици кои секоја година го тестираат своето финансиско знаење. Многу е убаво да се види одлучноста на натпреварувачите во услови на здрава конкуренција“, вели Вим Мијс, главен извршен директор на Европската банкарска федерација.
„Финансиската писменост - која исто така е тесно поврзана со дигиталните компетенции - е дел од сет на вештини потребни за навигација во секојдневниот живот. Ние во Европската банкарска федерација, заедно со нашите членови, сме горди што ги здружуваме наставниците, децата и експертите за ова забавно учење кое на крајот има за цел да ја зајакне финансиската писменост низ Европа“.