На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Работилница во КХВ: Пазар на капитал- Eвропски искуства и домашни предизвици
22.06.2026
Во Комисијата за хартии од вредност денес, 22 јуни 2026 година, се одржа работилница посветена на препораките врз кои треба да се темели новата Стратегија за институционален регулаторен  развој  во пресрет на претстојната реформска регулатива  за пазарот на капитал, кои се изработени во рамките на проектот SUPRAE, финансиран од Европската Унија.

Пред претставниците од брокерските куќи, овластените банки за работа со хартии од вредност, Македонска берза и Централниот депозитар за хартии од вредност, друштвото за инвестициско советување и вработените од КХВ, експертот ангажиран од Европската комисија, Пјер Матек, ги презентираше клучните препораки што треба да ги содржи стратегискиот документ од аспект на усогласување на домашната регулатива со европското законодавство и нејзината примена, модернизација на пазарната инфраструктура, зајакнување на заштитата на инвеститорите и развој на пазарот на капитал како целина. Експертот Пјер Матек, кој е поранешен претседател на хрватскиот регулатор ХАНФА, во оваа пригода препорача: "Стратегијата за развој на пазарот на капитал 2027–2032 ќе ја потврди заложбата за изградба на модерен и отпорен пазар, усогласен со европските стандарди. Новата законска рамка, која стапува во сила од октомври 2026 година, ќе донесе јасни правила за инвестициските фирми, издавачите и сите регулирани субјекти, со цел да се зајакне транспарентноста, довербата и интегритетот".
 
Комисионерот Васко Пејков истакна дека поддршката од Европската комисија доаѓа во вистински момент за пазарот на капитал и е од особена важност бидејќи непосредно сме пред стартот на двата нови закона: Законот за финансиски инструменти и Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност.

Насоките од европскиот експерт ќе послужат како темел за подготовка на Стратегијата на Комисијата за хартии од вредност за периодот 2027-2032 година, со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поконкурентен пазар во согласност со европските стандарди.

Овие препораки се резултат на неколкумесечниот ангажман на експертот, кој низ дијалог со засегнатите учесници и со регулаторот ги стекна своите согледувања за пазарот на капитал кај нас.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA