На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
На 23-ти септември во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа дваесет и првата Годишна конференција. Овој форум на кој се анализираа трендовите на пазарот на капитал и економијата на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност.
Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии Д-р Фатмир Бесими, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, М-р Нора Алити и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.
Во оваа прилика, Претседателката на КХВ М-р Алити меѓудругото рече:,,Искористувајќи ги предностите на дигиталната технологија ја зголемивме способноста за да делуваме брзо, ефикасно и решително. Силно инвестираме во модернизацијата на ИТ инфраструктурата – вклучително со тоа да станеме еден од првите регулатори во земјата што целосно ги дигитализира процесите, зголемувајќи ја транспарентноста, а и нашата способност за надзор. Кога станува збор за интегритетот на пазарот, како дел од нашиот проактивен универзум, демонстриравме јасност дека не постои сценарио во кое ќе го прифатиме површното делување на филозофијата: не прашувај-не кажувај-не делувај. Или да резимирам, користејки го со мала адаптација цитатот на W. Edwards Deming, со нашата дигитална и ИТ инфраструктура „во Бог веруваме, а сите други ги супервизираме“. Комисијата е отворена за бизнис, но не е отворена за субјекти кои не ги исполнуваат нашите регулаторни очекувања и легислативни барања, продолжи Алити. Летвата ја поставивме повисоко на самите порти, пришто не дозволуваме учество на субјекти кои можат да ја нагризат довербата на пазарот на капитал.
Претседателката на КХВ го презентираше и ставот на КХВ во однос на сега актуелното прашање за одданочување на капиталната добивка од вложувања во акции и во удели , при што изјави: Заради подобра системска подготовка за оперативната постапка на одданочувањето на капиталната добивка, апелираме на дополнително одлагање за уште една година поради потребата од нејзино поедноставување. Комисијата го поддржува предлогот на Берзата постапката да се централизира во Централниот депозитар за хартии од вредност, со што сега предвидената сложена административна процедура нема да претставува бариера за инвеститорите,, потенцираше М-р Алити.