На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Денеска 22.10.2021 година, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Jанкуловски и Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија м-р Нора Алити потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и студентите на УКИМ во областа на пазарот на капитал и хартиите од вредност.
Универзитетот и Комисијата се согласија да соработуваат со широк спектар на активности и иницијативи за едукацијата и подобрувањето на знаењето и стручноста со особен осврт на специјалистичките и магистерските студии, како и во делот на сертификацијата од значење за спроведување на едукацијата од областа за пазар на капитал и хартии од вредност, како и слични форми на стручно професионално и академско информирање од областа на пазарот на хартии од вредност и поврзување на теоријата со праксата за потребите на студентите.
УКИМ и КХВ поставија основа за долготрајна партнерска соработка за воспоставување на стручна неформална едукација за студентите од прв и oд втор циклус на студии во областите на економијата, финансиите, деловното и финансиското право, пазарите на капитал и финансиските инструменти согласно домашните и меѓународните регулативи.
Меѓу другото, за потребите на наставно - научниот процес, може да се изведува практична настава се со цел да им се обезбеди на студентите можност да се стекнат со практични знаења и вештини, како и со работно искуство кое ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им помогне при вработувањето во иднина.
Покрај тоа, Комисијата за хартии од вредност врз основа на утврдената академска процедура може да даде стручно мислење за изготвени дипломски, магистарски и докторски трудови од областа на пазарот на капитал, домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, финансиските инструменти, финансиското работење и менаџментот.
На тој начин, УКИМ и Комисијата ќе работат на финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Република Северна Македонија. Во престојниот период ќе се реализираат и заеднички семинари и конференции поврзани со пазарот на капитал. При тоа ќе се овозможи размена на стручна литература од областа на домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, хартиите од вредност и финансиските инструменти. Воедно, заеднички УКИМ и КХВ ќе партиципираат во проекти кој ќе се аплицираат за финансирање од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови од САД и од светот за развој на земјите од Западен Балкан. На тој начин ќе се создаде во континуитет креативна интелегенција, која ќе биде поттикнувач за секој поединец во функција на креирање на успех.
Целта на оваа соработка подразбира,меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но пред се вклученост на студентите во практичната настава и работење.