На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори веќе подолго време соработуваат со цел да ги промовираат добрите практики на корпоративното управување во компаниите и воопшто на пазарот на капитал во Република Северна Македонија. Имајќи ги предвид светските трендови, трите инстутиции одлучија да ја организираат:
Втората Обука за корпоративни секретари во Република Северна Македонија
Улогата на корпоративниот секретар е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат постојните корпоративни правила и политики, притоа грижејќи се за примена на законските процедури од страна на органот на управување и остварување на правата и обврските на одборот на директори, односно надзорниот одбор во согласност со законите, статутот и другите актн на друштвото.
Корпоративно управување ја дефинира и регулира позицијата на корпоративен секретар, кој им помага на органите на управување во исполнувањето на секојдиевните активности како инструмент за подобрување на работењето на друштвото преку поефикасни проверки и усогласувања на процесите. Како професионалец со единствен збир на знаења и способиости, корпоративниот секретар помага за воспоставување и одржување добра комуникација меѓу различните органи на управување на друштвото во согласност со статутот и со интерните акти на друштвото. Корпоративниот секретар е клучен играч во рамките на раководниот тим на било која компанија со соодветни способности, визија и вредности, потребни за даја водатсвојата компанија и нејзините клиенти напред. Корпоративниот секретар треба да ја зголеми довербата и кај другите лица кои се засегнати од работењето на компанијата.
Обуката е подготвена и ќе биде реализирана од страна на:
Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската Берза АД Скопје и Институтот на директори, Скопје.
Пријавете се најдоцна до 17-06-2019 година (Понеделник) со аплицирање на следниве e-mail адреси (ivana@sec.gov.mk и karolina@mse.org.mk) или на телефон 02/3244-670 (Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија) или 02/3122-055 (Македонска берза АД Скопје). При пријавувањето наведете го името, презимето и е-mail адресите на учесниците, како и името и адресата на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Цената за учество на обуката за едно лице е 9.000,00 денари, а компаниите кои ќе пријават два или повеќе учесника ќе имаат -10% попуст за секое лице. Плаќањето за учество на обуката се врши по основ на про-фактура, пред започнување на обуката.
Обуката се спроведува врз основа на меѓународна методологија додека пак учесниците на обуката добиваат бесплатни материјали (дел на самата обука, а дел ќе бидат доставени по електронски пат по завршување на обуката) и сертификат за учество на обуката.
ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ВТОРА ОБУКА ЗА КОРПОРАТИВНИ СЕКРЕТАРИ
Скопје, простории на Македонска Берза АД Скопје
адреса "Орце Николов" број 75, Сала за состаноци
19.06-21.06.2019 година од 13:00 до 18:00 часот
Модул | Времетраење | По завршувањето на секој модул, учесникот ќе може да: | Датум | Предавач |
Вовед во Корпоративно Управување и улогата на Корпоративниот секретар | 1 час |
*Објасни која е улогата на Корпоративниот секретар во рамката на Корпоративното управување;
* Дефинира и објасни кои се клучните принципи и елементи на добар систем на Корпоративно управување;
*Дефинира бизнис случајот на Корпоративно управување;
* Идентификува вештините кои се потребни за да ги раководи; односите во рамки на системот на управување.
|
Ден 1 (19.06) |
Душко Гошевски, Управа за јавни приходи, Комисионер во Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија |
Основи на функцијата | 1 час |
*Опише клучните активности и квалификации на Корпоративниот секретар и структурата на секретаријатот;
*Одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со функцијата Корпоративен секретар;
*Објасни како Корпоративниот секретар може да ја зголеми видливоста и признанието за нивната работа;
*Објасни која е вредноста од имањето на внатрешен Корпоративен секретар. |
Ден 1 (19.06) |
Душко Гошевски, Управа за јавни приходи, Комисионер во Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија |
Собрание на акционери | 2 часа |
*Објасни улогата на Корпоративниот секретар пред, за време и после завршувањето на Собранието на акционери;
*Идентификува процедурите кои Корпоративниот секретар ги употребува да ги раководи односите помеѓу акционерите на друштвото;
*Објасни како Корпоративниот секретар може да го советува претседателот на собранието за потенцијалните прашања кои може да влијаат на односот помеѓу друштвото и акционерите.
|
Ден 1 (19.06) | Татјана Шишковска, партнер Адвокатското Друштво Поленак |
Ефективен состанок на Одбор |
|
*Објасни која е улогата на Корпоративниотсекретар во процесот на подготовка на состанок на Одборот како и за време на неговото времетраење и после завршувањето;
*Идентификува добри практики, процеси и процедури за Корпоративниот секретар за ефективни состаноци на Одборот;
*Подготви записник и развие акциска рамка во согласност со добрите практики.
|
Ден 1 (19.06) |
Д-р Весна Паункоска Раководител на Служба за правни и корпоративни работи Триглав Осигурување АД Скопје |
Развој на Стратегија и Евалуација | 2 часа |
*Анализира чекори на процесот на стратегиско планирање;
* Да направи листа и да спореди алатки за формулирање на стратегија и кои се предностите и недостатоците на секоја од нив;
*Идентификува различни видови на преструктуирање за стратешки развој;
*Прикаже како да употреби Матрица на избалансирани индикатори за да ја евалуира имплементацијата на стратегиски планови.
|
Ден 2 (20.06) |
Доц. м-р Снежана Христова Универзитет Американ Колеџ Скопје |
Евалуација на Одбор | 2 часа |
*Опише улогата на Корпоративниот секретар во развојот и организирањето на Евалуација на Одбор;
*Развие стратегија за надминување на прашањата кои може да произлезат од евалуацијата на одборот. |
Ден 2 (20.06) |
Иван Штериев Извршен директор на Македонска Берза АД Скопје
|
Динамика на состаноци на Одбор | 2 часа |
*Идентификува стиловите на однесување кои влијаат на динамиката на состаноците;
*Идентификува предизвици и решенија во спроведувањето на ефективни состаноци;
*Опише вештините и техниките кои Корпоративниот секретар мора да ги има за да поддржи продуктивна атмосфера во текот на времетраењето на состанокот на одборот;
*Објасни како Корпоративниот секретар може да му помогне на претседателот на Одборот во раководењето со конфликти; |
Ден 2 (20.06) |
Иван Штериев Извршен директор на Македонска Берза АД Скопје
|
Интегрирано известување | 2 часа |
*Идентификува и објасни улогата на Корпоративниотсекретар во известувањето; *Објасни како интегрираното известување придонесува за добра репутација на друштвото;
*Прикаже како Корпоративниот секретар може да ги совлада предизвиците од креирањето на интегрирано известување. |
Ден 3 (21.06) |
Ирена Живковиќ Директор на Дирекција за управување и информирање Комерцијална банка |
Комуникатор на Одборот | 2 часа |
*Објасни најдобри практики за одржување на комуникација на раководниоттим, акционерите и заинтересирани страни;
*Објасни двигателите на објавување и поголема транспарентност;
*Анализира процедури за раководење со политики поврзани со доверливи информации. |
Ден 3 (21.06 |
Д-р Весна Паункоска Раководител на Служба за правни и корпоративни работи Триглав Осигурување АД Скопје |
Доделување на сертификати | 1 час |
Сертификат издаден и потпишан од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија Македонската Берза АД Скопје и Здружението Институт на Директори, Скопје |
Ден 3 (21.06) |
КХВРСМ, Македонска Берза и Институтот на Директори |