На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Координациското тело за финансиска едукација и финансиска писменост во кое членуваат КХВ, АСО, МФ, НБ и МАПАС заедно со субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија, ја одржа третата работна средба на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.
На средбата присуствуваше и претставник на Министерството за економија, којшто го презентира новодонесениот Закон за заштита на потрошувачите. Следствено, претставниците на приватниот и граѓанскиот сектор имаа можност да се запознаат со новините што ги носи овој закон во областа на финансискиот сектор, а главно се поврзани со поголема транспарентност и подобра информираност на корисниците на финансиски услуги, вклучително и во доменот на дигиталните финансиски услуги.
Од страна на претставник на Народната банка беа презентирани трендовите во доменот на финансиската едукација и инклузија на населението во нашата земја. Притоа, беше посочено дека се бележи тренд на пораст на повеќе показатели за финансиската инклузија во текот на 2021 година, делумно под влијание на условите наметнати во текот на пандемијата. Така, има пораст кај показателите за поседување сметка, кај располагањето и користењето платежни картички, како и кај онлајн плаќањата. Во доменот на финансиската едукација, во споредба со развиените земји, и натаму постои простор за унапредување на финансиските знаења на населението. Односот на населението кон заштедите, иако е подобар, и натаму е на пониско ниво во споредба со просекот во Европа и Централна Азија, гледано како извор на средства за покривање итни потреби, но и како расположливи средства за подоцнежна возраст. Промоцијата и едукацијата во доменот на расположливите инвестициски алтернативи, како и во доменот на користењето на дигиталните финансиски услуги, се наметнуваат како неопходност во современи услови.
Преку овие средби се овозможува редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем. Сето тоа е во прилог на успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.