На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Како дел од активностите кои оваа година Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги спроведува во насока на одбележување на Деновите на финансиската писменост е подготовката и издавањето на новата едукативна публикација под наслов “Инвестирај мудро, управувај паметно” која Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка на Комисијата ја изработи со цел запознавање на пошироката популација со поимот на хартиите од вредност, тргувањето со финансиските инструменти и заштитата при инвестирањето на пазарот на капитал.
Со оваа Публикација, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија има за цел да придонесе кон подигнување на степенот на финансиската писменост, како и препознавањето на поимите поврзани со парите и нивното управување да станат подостапни до помладите генерации и пошироката пополација во државата. Истата е изготвена на разбирлив јазик и наменета за лицата со ниско и средно разбирање на проблематиката која ја опфаќа областа на финансиите, тргувањето со хртии од вредност и инвестирањето во финансиските инструменти.
Со цел опфаќање на целокупното мултиетничко население во нашата држава оваа Публикација е изготвена на македонски, албански и англиски јазик и истата е достапна за секое заинтересирано лице на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на следната локација: https://www.sec.gov.mk/Brosuri
Публикацијата е поделена во пет дела и ги опфаќа сите сегменти од функционирањето на пазарот на хартии од вредност, видовите на финансики инструменти, како и законската регулатива која ја регулира областа, но и важни поуки и насоки за заштита при вложување на пазарот на капитал.
За секој дел од оваа Публикација, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија изготви и едукативни анимирани видеа, исто така на македонски, албански и англиски јазик се со цел на пошироката полуација независно на возраста, да и е подостапна и секако поразбирлива финансиската терминологија од областа на хартиите од вредност и пазарот на капитал и истите ќе можат да се погледнат во банерот насловен Едукативни видеа кој се наоѓа на насловната страна на веб страницата на Комисијата:
Оваа Публикација е особено корисна пред се за помладата популација која е всушност двигателот на иднината на едно здраво и образовано општество. Имајќи го во предвид фактот дека во една пазарна економија, настаните поврзани со тргувањето на Берзата и воопшто на пазарот на хартии од вредност се едни од најважните економски феномени, се наметнува потребата од рано разбирање и толкување на основните поими поврзани со пазарот на капитал, но и навлегување во суштината на неговото функционирање. Токму помладата генерација во иднина треба да биде оспособена при стапувањето на пазарот на работната сила, да инвестираат и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат.
Заклучокот на глобално ниво е потребата на нивото на финансиска писменост во светот да се подигне на повисока стапка и се повеќе луѓе да се едуцираат и оспособат за управување со своите лични финансии, како и за инвестирање на заштедата, а со тоа и запознавање на пазарите на хартии од вредност.
Потврда за сето тоа е и традиционалното одбележување на Деновите на финансиската писменост во нашата земја, во што е вклучена и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија заедно со останатите финансиски институции, како од јавниот така и од приватниот сектор.
Воедно во рамки на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост во периодот од 24-ти до 26-ти Ноември 2020 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги поттикнува сите заинтересирани лица кои имаат било какви прашања или дилеми поврзани со областа на хартиите од вредност, тргувањето на Берзата или заштитата при инвестирањето, тоа да го сторат на нашата елeктронска адреса khv@sec.gov.mk, а за кои ќе добијат соодветни одговори од страна на вработените на стручната служба.