На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Марко Инѓилизов и Викторија Панова ќе ја претставуваат нашава земја на финалето на Европскиот квиз на парите, што ќе се одржи на 7 мај годинава во Брисел, Белгија. Двајцата од Гимназијата ,,Кочо Рацин,, од Велес , остварија најдобри резултати на националното финале, што се одржа денес на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, покажувајќи најмногу во конкуренција на своите врсници од целата држава.
Европскиот квиз на парите за првпат се одржува во нашава земја, при што учество земаа над 3.000 деца од основните и средни училишта. Неговата основна цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.
Иницијатор на ова натпреварување кај нас е Македонската банкарска асоцијација која квизот го организира во соработка со Народната банка, Министерството за образование и наука и Комисијата за хартии од вредност.
На свеченоста на којашто беа прогласени победниците на националниот натпревар, Петар Атанасов, Заменик министерот во Министерството за образование и наука на РСМ поздравувајќи ја иницијативата за одржување на Европскиот квиз на парите истакна дека ваквиот начин на едукација кај младите наоѓа сесрдна поддршка во Министерството, додавајќи дека финансиската писменост е исто толку значајнa за личноста како и другите видови едукација. „ Особено радува фактот што во проектов се вклучени деца од 13 до 15 години,што е одлична возраст, во која ако сега се вложи,може многу да се врати во иднина„ дополни Атанасов.
Победниците од име на Народната банка ги поздрави главната економистка Анета Крстевска. Таа упати искрени честитки до сите ученици кои земаа учество на овој Квиз, како и до нивните ментори, кои активно се вклучија и ја поддржаа оваа иницијатива. „Верувам дека сите заедно придонесовме за збогатување на знаењата на младите генерации од областа на финансиите, со што тие полесно и поуспешно ќе се соочат со предизвиците на новото време". – кажа Крстевска.
Учеството на нашава земја во овој значаен проект на Европската банкарска федерација го поздрави и Зоран Колев, комисионер во Комисијата за хартии од вредност, потенцирајќи ја важноста младите да го разберат пазарот на капитал и неговото функционирање. "Колку повеќе младите се едуцирани за финансиите, толку повеќе бизнисите или финансиските одлуки кои во иднина ќе ги започнат или донесат ќе бидат успешни. Затоа образовниот систем и финансиските институции треба уште од најрана возраст да ги едуцираат децата за финансиите, за начинот на управување со личните финансии, за тоа дека заштедите може да помогнат во постигнување на одредени финансиски цели во животот". – истакна Колев.
Признанијата на победниците на националниот натпревар им ги врачи претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Коста Митровски.
„Големо е задоволството кога успешно ќе се реализира еден ваков голем проект. Знаењата од областа на банкарството и финансиите се вонредно важни за економската стабилност на секој поединец, семејство и нивното совладување што порано има особена тежина. Посебно горд ме прави фактот што МБА во својата прва година од своето работење го иницираше и го финализираше ова натпреварување, кое се надевам ќе стане традиционално. Им честитам на победниците и со нетрпение ќе очекуваме добри вести и по финалето во Брисел" - истакна Митровски.