На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Летна школа во организација на Комисијата за хартии од вредност и Меѓународниот Балкански Универзитет
11.06.2024
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија во периодот од 03-ти јуни до 07-ми јуни во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет за прв пат реализираа Летна школа за студенти и млади професионалци на тема Обезбеди успех: Вовед во финансиските пазари и пазарот на хартии од вредност.

Вработените од Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка заедно со професорите на Факултетот за економски и административни науки при Меѓународниот Балкански Универзитет со поддршка на Халк Банка АД Скопје подготвија наставна програма за студентите од додипломски, магистарски и докторски студии која ги опфати следниве тематски подрачја: видови на хартии од вредност, карактеристики и употреба на различни финансиски инструменти, усогласеност во финансиските институции,  платформи за тргување со деривативи, пазар преку шалтер, стратегии на тргување во различни пазарни услови, хеџинг стратегии, како и алатки и практики за управување со ризик.

Оваа петдневна летна школа имаше за цел да им овозможи на учесниците да се запознаат со најновите трендови и практики во областа на финансиските пазари, инвестициските инструменти и регулаторни рамки од областа на пазарот на капитал. Наставната програма вклучуваше предавања со презентации во форма на практични сесии, а учесниците имаа можност да се консултираат со искусни професионалци и експерти од областа на пазарот на капитал.

Летната школа се одржa на кампусот на Меѓународниот Балкански Универзитет, но студентите имаа можност да ја посетат и Македонската Берза АД Скопје, да се запознаат со функцијата на оваа финансиска инстуција, како и за прв пат да го погледнат начинот на тргување со хартии од вредност во нашата земја.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Меѓународниот Балкански Универзитет ќе ја продолжат оваа традиција на практично и стручно доусовршување на студентите со единствена цел да го подигнат нивото на високото образование во нашата земја, но и на идната работна сила на пазарот на капитал да им овозможат запознавање со праксата пред теоријата.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA