На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија традиционалнo се вклучи во Глобалната недела на парите, којашто повеќе години наназад со бројни активности од сферата на финансиската едукација во земјава.
Комисијата оствари голем број активности за подигнување на свеста за потребата од поголема финансиска писменост кај пошироката популација, а истовремено ги промовираше и предностите од зголемена финансиска вклученост. Впрочем, како и секоја година, Комисијата во соработка со останатите членки на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија беше дел од едукативниот караван на кој беа поканети учениците од повеќе основни училишта, главно од рурални делови на земјава за да ги посетат релевантините финансиски институции.
Согласно предвидениот календар, одбележувањето на Глобалната недела на парите, Комисијата го стартуваше на 22 март со посетата на учениците од ОУ "Страшо Пинџур" од с. Соколарци, Кочани на Македонската Берза АД Скопје каде младите се запознаа со работењето на берзата и со тргувањето со хартиите од вредност на пазарот. На 25 март пак, учениците од ОУ "Фаик Коница" с. Дебреше, Гостивар ја посетија Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и се запознаа со работата на регулаторот на пазарот на хартии од вредност, како и со нејзините надлежности. Одбележувањето на Глобалната недела на парите, Комисијата го заокружи на 29 март со организација и реализација на посета на Дирекцијата за работа со хартии од вредност во рамките на Шпаркасе Банка АД Скопје од страна на учениците од ОУ "Св.Климент Охридски" с.Миравци, Гевгелија kаде младите се запознаа со тоа што значи пазар на хартии од вредност, купување и продавање на хартии од вредност и задачата на брокерот во тој процес. При реализацијата на овие посети, учениците имаа можност да проследат едукативни презентации, да добијат материјали коишто во иднина ќе им овозможат финансиско едуцирање соодветно на нивната возраст.
Посебен настан на Глобалната недела на парите беше националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите, којшто за првпат се одржи во нашава земја. Оваа активност беше на иницијатива на Македонската банкарска асоцијација, а во извршувањето покрај Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, беа вклучени и НБРМ како и Министерството за образование и наука. На 27 март, беа избрани националните победници, Марко Инѓилизов и Викторија Панова од Гимназијата "Кочо Рацин" од Велес кои ќе ја претставуваат нашата земја на финалето кое ќе се одржи во Брисел, во организација на Европската банкарска федерација.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија постојано остварува активности за збогатување на финансиските знаења на младата популација, како своевиден придонес за градење на капацитетот на идните генерациите од кои се очекува да бидат главни носители на економските и финансиските текови во нашата држава.