На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Заради едукација на потенцијалните инвеститори и заштита на нивните права во рамките на оваа кампања, Комисијата за хартии од вредност подготви и објави кратка брошура под наслов „Секогаш поставувајте прашања-прашања кои ќе Ви помогнат да донесете добра инвестициска одлука“ со прилог едукативен прашалник “Инвестирање: кога, како и каде”. Оваа публикација е достапна за сите посетители на веб страната на Комисијата, кои можат да го одговорат Прашалникот и да добијат повеќе информации за инвестирањето на пазарот на хартии од вредност.
Исто така, по повод Деновите на финансиска писменост, ученици од Средното економско-правно училиште “Арсени Јовков”од Скопје имаа еднонеделна практична настава во Комисијата со вкупно 20 часа.
Едукацијата за учениците се спроведуваше според однапред утврдена програма која беше изготвена заедно со наставниците од средното економско училиште. Вработените во Стручната служба на Комисијата, кои беа определени како ментори, предаваа на повеќе теми, а кои се однесуваа на функционирањето на пазарот на хартии од вредност и работата на регулаторот преку видео презентации, разгледување на веб страни, видео записи, квизови, пишани материјали, акти, како и запознавање со надзорната станица за следење на тргувањето со хартии од вредност, аналитиката на овластените учесници на пазарот на хартии од вредност и регистрите кои се водат.
На крајот од наставата, на учениците, Комисијата им додели потврди за успешна совладана практична настава.