На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
КХВ и Aкадемијата за судии и обвинители одржаа обука
01.12.2022

,,Управно судската пракса и пазарот на капитал “ беше темата на која Комисијата за хартии од вредност  на Република Северна Македонија и Академијата на судии и јавни обвинители организираа обука за судии од Вишиот управен суд, судии од Управниот суд, стручни соработници од овие судови, адвокати и претставници на берзата и депозитарот, како и од Државната комисија за одлучување на управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.  

Предавачи беа д-р Субхи Јакупи – судија во Виш управен суд и д-р Едита Насковска – судија во Управен суд  кои покрај освртот за примената на секторските закони и Законот за управни спорови  од аспект на пазарот на капитал, анализираа и студии на случаи кои произлегуваат од тековното работење, но и од европските пазари на капитал.

Заради континуирано подобрување на состојбите поврзани со наведената област, на обуката се разговараше и интерактивно со излагачите се дискуситираше за актуелни правни прашања поврзани  со пазарот на капитал при што беше заклучено дека поради сигурност на инвеститорите и на другите учесници на пазарот кои не ретко се и странски  неопходно е на ова поле да се  преземаат европските искуства каде што судските постапки за споровите поврзани со пазарот на капитал се од итен карактер и брзо  завршуваат. Како препорака за кај нас произлезе дека тоа треба да биде  најдоцна 6 месеци од поднесување на тужба пред Управен суд и најдоцна 6 месеци од поднесување жалба пред Виш управен суд.

Исто така се отвори и прашањето за конечност на решенијата на Комисијата за хартии од вредност во управна постапка при што доминираше констатацијата дека треба да се оди кон недозволеност на жалба како правен лек, што веќе се применува на европските пазари , но и кај одредени финансиски регулатори во земјава.

Беше потенцирана и потребата од воедначување на управно судската пракса  што подразбира  правните мислења да се објавуваат, со цел јавноста да биде запознаена со примената  на законите, а  воедно истото  придонесува судовите, а потоа и другите институции спроведувачи на законите правилно да ги применуваат законите. Присутните се согласија и дека неопходно е стимулирање на поголема специјализација на судството, систематска обука на судиите во областа на финансиските пазари, комерцијалното и корпоративното право. Традиционално, добрата меѓусебна соработка на двете институции, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Академијата за судии и обвинители Павел Шатев во рамки на која оваа обука беше иницирана и спроведена ќе продолжи и во иднина со спроведување на вакви и слични настани на кои ќе се третираат прашања од областа на пазарот на капитал.

 



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA