На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
КХВ ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026
04.06.2026
Комисијата за хартии од вредност денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои годинава се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал.  Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот се фокусира на меѓусебните врски и динамиката на пазарите во Источна Европа, при што нуди современ аналитички пристап за подобро разбирање на преносот на движењата и ризиците меѓу регионалните пазари.

Втората награда ѝ е доделена на Флорента Јонузи за трудот „Динамика на волатилноста и макроекономски детерминанти на поврати на пазарот на акции“. Истражувањето се фокусира на влијанието на макроекономските фактори врз движењата на приносите и волатилноста на пазарот на акции, обезбедувајќи значајни согледувања за пазарното однесување и инвестициските трендови.

На авторот на прворангираниот труд му е доделена парична награда во нето-износ од 90.000 денари, додека на второрангираниот труд  парична награда во нето-износ од 50.000 денари.
По повод доделувањето на наградите се одржа средба со наградените автори, на која присуствуваа Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази и Претседателката на Одборот за оценување и избор  на трудовите Проф.д-р Мерале Фетахи Вехапи.

Првонаградениот Горан Христовски во оваа прилика изјави: Оваа иницијатива на Комисијата за хартии од вредност е од големо значење и  не охрабрува нас, младите истражувачи да анализираме и да стигнеме до одредени показатели кои ја подигнуваат свеста за инвестирање и не  поттикнуваат во иднина да вложуваме на пазарот на хартии од вредност,,.  

„Комисијата за хартии од вредност континуирано вложува во развојот на знаењата и финансиската култура кај младите. Особено нѐ радува што секоја година гледаме квалитетни трудови кои обработуваат актуелни теми од областа на пазарот на капитал. Верувам дека токму младите истражувачи, со своите идеи, аналитички пристап и научна љубопитност, можат да дадат значаен придонес во развојот на финансискиот сектор и во јакнењето на довербата во пазарот на капитал“, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази.

Годишната награда за млади истражувачи е дел од заложбите на Комисијата за поттикнување на научноистражувачката работа, развојот на финансиската писменост и зајакнувањето на врските меѓу регулаторот и академската заедница. Од воспоставувањето на Конкурсот во 2018 година, Комисијата континуирано ги поддржува младите истражувачи и нивните идеи, препознавајќи го нивниот придонес во унапредувањето на знаењата за пазарот на капитал и финансиските пазари.

Преку оваа иницијатива, Комисијата ја потврдува својата посветеност на создавање поттикнувачка средина за млади таленти и афирмација на научните истражувања кои придонесуваат за развојот на финансискиот систем и инвестициската култура во Република Северна Македонија.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA