На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.
Европскиот квиз на пари се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи вируелно на 24 март 2021 година на македонски и албански јазик.
Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, од 11:00 до 13:00 часот, на англиски јазик. Следствено, националните победници треба да имаат и солидни познавања од англиски јазик.
Европската банкарска федерација ќе додели парична награда на училиштата за освоено прво, второ и трето место.
Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.
Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 февруари 2021 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk
Притоа, треба да се има предвид следново:
- Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;
- Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
- Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.
Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на пари се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.
Поддржано од:
- Министерство за образование и наука на РСМ
- Министерство за финансии на РСМ