На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека од Друштво за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн" - Доо Скопје до Комисијата за хартии од вредност досега нема поднесено никакво барање, па оттука и во овој момент пред Комисијата за хартии од вредност не се води никаква постапка.
Друштвото за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн" - Доо Скопје е основано на 20 ноември, 2020 година, а уписот на основањето е извршен во Централниот Регистар на РСМ, за што согласно Законот за инвестициски фондови не е потребна дозвола за работење, дозвола за именување на директор или претходна согласност од страна на Комисијата за хартии од вредност.
Заради правилна и доследна примена на законите, апелираме да се прави разлика во поимите, статусот и надлежноста на друштво за управување со инвестициски фондови и друштво за управување со приватни инвестициски фондови.
Имено, согласно Законот за инвестициски фондови, за разлика од друштвата за управување со инвестициски фондови, друштвата за управување со приватни фондови, каков е и статусот на посоченото друштво од страна на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, при нивното основање не доставуваат барање за дозвола за работење до Комисијата за хартии од вредност, ниту пак Комисијата е надлежна да издава согласност на управителите (директорите) на друштво за управување со приватни инвестициски фондови.
Единствено, согласно член 93 став 2 од Законот за инвестициски фондови, Комисијата за хартии од вредност врши запишување на приватните фондови со кои управува друштвото за управување со приватни инвестициски фондови и тоа во Регистарот кој го води Комисијата на својата веб страница, но во овој момент нема ниту такво барање до Комисијата за хартии од вредност.