На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Четврта работна средба за Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија
31.05.2023
На 31 мај беше одржана четвртата работна средба на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, чија активност ја координира Народната банка, а на која присуствуваа и претставници на Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањетo, како и субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор. На средбата присуствуваше и претставник од ИНФЕ-ОЕЦД, кој ја презентираше  Анализата од резултатите од Анкетата за финансиската писменост и дигитализацијата на малите и средни претпријатија во Југоисточна Европа (ЈИЕ), во рамки на регионалниот проект за финансиска едукација, која има за цел унапредување на финансиската писменост и зголемување на финансиската инклузија на микро, малите и средни претпријатија (ММСП). Извештајот ја анализира финансиската писменост на ММСП, свеста и користењето на финансиски услуги и нивото на дигитализација на овoј сектор во регионот на ЈИЕ, вклучително и кај нас.

Финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на ММСП во нашата земја е оценета со коефициент 69 (од максимум 100) што е повисоко од просекот на анализираните земји од регионот (67). Највисоки оценки се остварени за компонентата финансиско однесување, потоа финансиските знаења и финансиските ставови, при што сите компоненти се малку над или на ниво на регионалниот просек. Во споредба со земјите од Г-20, просечната оценка за регионот е пониска за 7 п.п., што упатува на потребата од зајакнување на финансиските вештини и стратешка визија на менаџерите на ММСП, со цел да се зајакне долгорочната деловна отпорност на овие фирми. Резултатите укажуваат на тоа дека сме на ниво на просекот на регионот во ЈИЕ, според свесноста на ММСП за финансиски производи, со тоа што свесноста за користење кредити за финансирање на бизнисите во нашата држава е повисоко оценета во однос на регионот, додека кај останатите оценувани параметри - свесноста за финансирање со капитал и други видови на финансирање и свесноста за справување со ризици, оценките се малку пониски или соодветствуваат со резултатите во регионот. Наодите упатуваат на потреба за натамошен развој на пазарот на капитал и алтернативните начини на финансирање, како би се проширил пристапот на ММСП до финансии.

Во однос на дигитализацијата, просечната оценка кај нас е малку пониска во однос на регионот. Сепак, оценето е дека дигитализацијата на ММСП во регионот  заостанува зад развиените земји, што упатува на потреба од спроведување на активности за понатамошно унапредување.

Наодите и заклучоците во Извештајот се основа за преземање натамошни активности за финансиска едукација и финансиска инклузија на ММСП, во согласност со националната Стратегија во оваа област, којашто предвидува создавање предуслови за подобрување и посоодветно следење на пристапот до финансии од страна на малите и средните претпријатија и други целни групи. Активностите во оваа сфера треба да придонесат за одржлив развој на овој сегмент и на економијата во целина. На оваа средба, беше презентирано и искуството во Унгарија од примената на Дигитална платформа-апликација за финансиска едукација „Learning-by-doing financial education“, со што приватниот и граѓанскиот сектор во земјава имаа можност да се запознаат со едукативни платформи кои се применуваат во други економии.

Преку овие работни средби коишто се одржуваат два пати годишно се овозможува редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем, со цел успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA