На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Берзата во иднина треба да има поголема улога во економското живеење во нашата држава и да се користи како механизам за вбризгување свеж капитал во компаниите, порача вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев во обраќањето на тргалезната маса „Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии“, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза.
-Се надевам дека во иднина ќе може да гледаме и ИПО активности на Берзата и дека се повеќе од компаниите ќе се осмелуваат да се префрлаат од ДОО во АД, бидејќи сите семејни компании во развиениот свет почнувале како ДОО, а покасно преминувале во АД и на тој начин обезбедувале свеж капитал за свое проширување. Ги охрабрувам сите компании кои денеска се ДОО, а имаат идеја за свој развој да преминат во АД и да се обидат на пазарот на хартии од вредност да обезбедат свеж капитал за нивни развој, изјави Анѓушев.
Претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити посочи дека пазарот на капитал гледан во целина, може да се оцени како се уште недовршена приказна за разлика од банкарскиот сектор кој, како што рече, има долга традиција и е познат, како за бизнис секторот, така и за домаќинствата, пазарот на капитал е „новина“ за нашата држава.
„За развој на пазарот на капитал, како впрочем и за секој друг финансиски пазар најпрво треба да има политичка стабилност и правна сигурност, а потоа сè друго. Изминатиов период кога полека, но сигурно се враќа довербата на граѓаните во нашиот пазар на хартии од вредност можеби е неповторлив момент кој многу лесно може да биде срушен со најавеното оданочување на капиталните добивки во комбинација со девизната либерализација и можноста за инвестирење на капиталот на домашните инвеститори на странските пазари на капитал. Се надевам дека Министерството за финансии ќе го послуша гласот на индустријата и ќе ја поддржи иницијативата за продолжување на даночните ослободувања на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност за физичките лица, со оглед на тоа што во годините кога се наплаќаше данокот на капитална добивка буџетскиот ефект беше многу мал“, заклучи Алити.
Што се однесува до оданочувањето на капиталните добивки, додаде, Комисијата ја поддржа иницијативата за продолжување на даночните ослободувања на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност за физичките лица. КХВ поднесе до Владата и Министерството за финансии конкретен предлог за измена и дополнување на Законот за личен доход со кој се предвидува одложена примена, но истовремено се прави и дистинкција во зависност од периодот на поседување, прецизира Алити.
Извршниот директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев нагласи дека по долгогодишната хибернација и стагнација на пазарот, последните две години се бележи пораст на берзанското работење.
-Оваа година, по многу берзански показатели е втора најдобра година во последната деценија. Индексот е повторно во плус, 25 отсто на годишно ниво неколку години по ред така што тие се состојбите од аспект на динамиката, но се согласувам дека имаме и предизвици. Меѓу другото акутни предизвици се фискалните аспекти, дали ќе се оданочат капиталните добивки, што ќе се случи со задолжителната котација која важи до април идната година, така што оваа тркалезна маса ќе ги увиди и тие моменти, посочи Штериев и додаде дека на тркалезната маса ќе бидат присутни еминентни стрнски експерти кои ќе го дадат погледот на странските инвеститор, поголемите регионални берзи и меѓународните финансиси институции.
Тој нагласи дека не верува оти евантуалните даночни промени и оданочувањето на капиталните добивки ќе имаат ефект на одлив на странски инвестиции, бидејќи, како што кажа, процентот на учество на странци на берзата е многу низок, но ќе имаат кај домашните физички лица кои се многу активни на берзата.