На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со свој претставник учествуваше на Вториот работен состанок на земјите кои се дел од Проектот за подготовка на Националната стратегија за финансика едукација во соработка со OECD и Министерството за финансиии на Холандија кој се одржа во Тблиси, Грузија во период од 06.11-09.11.2019 година.
Претставниците на земјите кои се дел од овој Проект во рамки на оваа средба воедно учествуваа на организираната конференција и работилница на тема Унапредување на финансиската писменост во Југоисточна Европа под покровителство на Националната Банка на Грузија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), а со финансиска поддршка од страна на Министерството за финансии на Холандија, користејќи ја техничката експертиза на платформата “Money wise”.
Конференцијата се фокусираше на концептуални, институционални теми и прашања поврзани со имплементацијата националните стратегии за финансиско образование и единствената цел беше:
-дијалог и размена на искуства, достигнувања и предизвици во регионот;
-да се споделат параметрите од истражувањето од областа на финансиската едукација и инклузија на ОЕЦД;
-едукација и мапирање на земјите учеснички во Проектот и
-преглед на потенцијалните следни чекори за негова реализација.
Додека пак, на организираната работилница се собраа официјалните лица, практичари и експерти од земјите кои се директно одговорни за дизајнирање и спроведување на националните иницијативи за финансиско образование.
Истата беше фокусирана кон изготвување на студија на случај и политика за справување со предизвиците на финансиската писменост кои се јавуваат кај:
-младата популација - ученици и студенти;
-руралното население и
-малите и средни претпријатија.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија во наредните 4 години ќе ја продолжи соработката со останатите членови на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, како и останатите земји кои се дел од овој проект и ќе придонесе во подготовката на сеопфатен документ кој ќе ги посочи сите важни елементи од финансиското описменување на граѓаните во нашата држава.