На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение на Комисијата за хартии од вредност
19.05.2008

​Комисијата за хартии од вредност даде согласност на новите Тарифници за висината на надоместоците што ги наплатуваат Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со што се намалуваат провизиите кои ги плаќаат клиентите. Тоа значи дека поефтинува тргувањето на македонскиот пазар на хартии од вредност. Берзата и Депозитарот ги намалија надоместоците за своите услуги, откако КХВ од нив побара да ја преиспитаат нивната висина и да извршат корекција. Со овој потег, Берзата и Депозитарот ја следат политиката на КХВ која ги намали надоместоците што таа ги наплатува за околу 30 проценти. Новите тарифници на Берзата и на Депозитарот ќе почнат да се применуваат од 1 јуни, а ќе важат до 1 октомври, по што повторно ќе се направи анализа на пазарот за да се утврдат ефектите од целокупното поефтинување на услугите и ќе се преиспитаат можностите за ново намалување на надоместоците.
На седницата што се одржа на 19.05.2008 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ Марина Наќева-Кавракова, Комисијата даде дозвола за основање на друштво за управување со фондови КД фондови АД Скопје. Основачи на КД фондови АД Скопје се едно странско правно лице-КД Склади дружба за управљање д.о.о.Љубљана и две физички лица од Република Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 150.000 евра. Предвидено е друштвото да основа и да управува со два отворени инвестициски фонда. Со основањето на новото друштво за управување со фондови се зголемува конкурентноста во инвестициското работење на македонскиот пазар на хартии од вредност. Заедно со КД фондови АД Скопје, во земјава вкупно постојат четири друштва за управување со фондови.
На барање на Државното правобранителство на РМ, Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Свисслион Д.о.о Скопје му се забранува да располага, отуѓува, оптоварува, реализира заложно право и му се ограничува правото на глас на 5339 акции кои ги има во Агроплод АД Ресен, се до правосилноста на пресудата во судската постапка што се води пред Основниот суд Скопје 2. Имено, Државното правобранителство има поднесено тужба против Свисслион Д.о.о Скопје за утврдување ништовност на склучениот договор со Министерството за економија за продажба на 5339 акции од Агроплод АД Ресен.

Комисијата за хартии од вредност ќе побара од Централниот регистар на РМ да го поништи решението за упис на присоединување на Микрогранулат АД Тетово кон Карпош -Предилница АД Крива Паланка. Истовремено, КХВ донесе решение со кое Карпош-Предилница АД Крива Паланка и одговорното лице се задолжуваат да извршат поништување на регистацијата. Комисијата за хартии од вредност и наложи на Македонската берза АД Скопје времено да го прекине тргувањето со акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка, а на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје времено да не врши нетрговски преноси на акциите на Карпош-Предилница АД Крива Паланка.

Беа издадени седум дозволи за работење на брокер и петнаесет за инвестициски советници.

На 102-та седница беше донесен Годишниот извештај за работењето на КХВ во деловната 2007 година, заедно со ревидираните финансиски извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди. ​​​



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA