На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение на Комисијата за хартии од вредност
18.05.2009
Комисијата за хартии од вредност на 128-та седница која се одржа на 18.05.2009 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ Марина Наќева Кавракова, не даде согласност на измените и дополнувањата на тарифата за висината на надоместоците на Македонската берза АД Скопје. Со тоа, КХВ не го прифати барањето на Македонската берза АД Скопје да се зголемат дел од надоместоците што таа ги наплатува од учесниците на пазарот и да се воведат нови надоместоци за нови услуги. Комисијата смета дека во услови на светска финансиска криза, со зголемување на надоместоците дополнително би се влошила состојбата на пазарот на хартии од вредност и дестимулативно би влијаело врз инвеститорите. Исто така, берзата би ја намалила својата и онака слаба конкурентност во однос на берзите од регионот.
Комисијата за хартии од вредност донесе решение за времено отповикување на согласноста на Стеван Шапчески за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје во траење од 30 работни дена. Оваа санкција, Комисијата ја изрече бидејќи била извршена резервација на хартии од вредност и порамнување на трансакција врз основа на невалидно полномошно.
КХВ трајно им ја одзема дозволата за работење на двајца брокери вработени во брокерската куќа ”Иново Брокер” АД Скопје. При вонредна контрола на ”Иново Брокер” АД Скопје, утврдено е дека едниот од нив внел налог во Бест системот кој не бил потпишан од страна на клиентот, а другиот брокер го задржал, со што извршиле повреда на правилата за тргување и на Законот за хартии од вредност.
Комисијата за хартии од вредност при редовната контрола на брокерската куќа ”Илирика инвестментс” АД Скопје констатира дека во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на ”Илирика инвестментс” АД Скопје и на директорот им изрече јавна опомена.
КХВ ја задолжи ”Публикум” АД Скопје во рок од еден месец да отпочне постапка пред Комисијата за добивање согласност за директор на брокерската куќа и во истиот рок да вработи еден брокер или инвестициски советник. Вакво решение КХВ донесе, бидејќи при вонредна контрола беше констатирано дека брокерската куќа не е кадровски екипирана. ”Публикум” АД Скопје е веќе санкционирана од страна на Македонската берза АД Скопје поради неисполнување на континуираните услови за членство и од 1 април годинава брокерската куќа не тргува.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA