На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност при редовната контрола на брокерската куќа ”Поштел Брокер” АД Скопје констатира дека во текот на работењето не ги почитувала Законот за хартии од вредност и правилата за тргување. Утврдено е дека за некои налози кои не биле реализирани, а биле внесени во Бест системот имало услови за реализација, но брокерската куќа ги менувала истите со што оневозможувала нивна реализација. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на ”Поштел Брокер” АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена.
КХВ донесе решение за привремена забрана од 30 работни дена на овластен брокер од ”Поштел Брокер” АД Скопје да врши работи за кои има добиено дозвола, бидејќи при обидот за реализација на еден од налозите се впуштил во наддавање со што ја надминал цената, дадена во налогот од клиентот.
КХВ изрече јавна опомена на Македонската берза АД Скопје и на директорот поради ненавремено доставување на побарана документација при редовна годишна контрола на работењето на Македонската берза АД Скопје.
Друштвото за управување со фондови ”МП Инвест” АД Скопје на Собранието на акционери одржано на 12 јануари оваа година има донесено одлука за престанок на друштвото и спроведување на постапка за ликвидација. Како резултат на таквата одлука, Комисијата за хартии од вредност согласно Законот за инвестициони фондови донесе решение за одземање на одобрението за работа на ”МП Инвест” АД Скопје. Во моментов, Друштвото за управување со фондови ”МП Инвест” АД Скопје не управува со ниту еден отворен или затворен инвестициски фонд.
На барање на брокерската куќа ”Еурохаус” АД Скопје која поседуваше 150.000,00 евра основна главнина, КХВ дозволи отсега да врши само купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестициско советување за што во секое време ”Еурохаус” АД Скопје треба да поседува и да одржува 75.000 евра основна главнина.
КХВ согласно Законот за хартии од вредност донесе Решение за одбивање на барањето на Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје за давање одобрение за издавање на втора емисија на долгорочни хартии од вредност. Причина за ваквата одлука е фактот што Акционерското друштво за осигурување Вардар Скопје во определениот рок не постапи по забелешките кои се содржани во посебен акт на Комисијата за хартии од вредност, кој му е доставен на друштвото.
Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа на 30.01.2009 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ Марина Наќева-Кавракова на Друштвото за финансиски лизинг ”Евролиз Ауто”АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на приватна понуда. Станува збор за 1000 обични акции во износ од 50.000 евра. Единствениот купувач на акциите е ”Еврохолд Бугарија” АД Софија, Република Бугарија.
Јосиф Костадиновски доби согласност од КХВ да биде директор на брокерската куќа ”Еуроброкер ” АД Скопје.
На 120-та седница, Комисијата за хартии од вредност издаде и две лиценци за работа на брокер.