На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на Комисијата
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на Комисијата
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник - според ЗХВ ( вон сила )
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работење со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестициско советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја Комисијата
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на Комисијата
  • Контакт
Соопштение на Комисијата за хартии од вредност
24.11.2008
Комисијата за хартии од вредност при редовниот надзор на тргувањето на македонската берза и контролите на учесниците на пазарот, утврди дека брокерите од брокерската куќа Мој брокер АД Скопје во текот на својата работа не се придржувале кон инструкциите дадени од клиентите и непотребно го одложувале извршувањето на налозите, иако условите на пазарот на хартии од вредност дозволувале нивно реализирање. Согласно Законот за хартии од вредност за сторените повреди, Комисијата на Мој брокер АД Скопје и изрече привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 работни дена. Исто така, брокерската куќа треба да плати и глоба во висина од 4000 до 5000 евра, а одговорното лице на Мој Брокер АД Скопје казна во износ од 1000 до 2000 евра. Оваа брокерска куќа во моментов не врши услуги со хартии од вредност поради предходно изречена санкција од КХВ за ценовни манипулации.
Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа на 24.11.2008 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ Марина Наќева-Кавракова донесе и неколку решенија со кои даде одобренија за издавање на следните нови емисии на акции:
- На Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции која ќе се реализира по пат на приватна понуда. Бетон АД Скопје треба да издаде 21.756 обични акции заради зголемување на основната главнина на компанијата, односно за создавање услови за проширување на пазарот на дејствување на друштвото. Продажната цена е 255,65 евра по акција, така што вкупниот износ на емисијата е 5.561.921,4 евра. Новоиздадените акции се наменети за две правни лица кои не се акционери во Бетон АД Скопје и тоа: Пунта Кресцент Лимитед од Британски Девствени острови и Арровкрест Лимитед од Никозија, Кипар.
-Акционерското друштво за производство и промет на вино Винарската визба Тиквеш експорт-импорт АД Скопје доби дозвола да издаде 63.950 обични акции со вкупна вредност од 6 милиони евра. Акциите од втората емисија ќе ги купи Европската банка за обнова и развој, а целта според издавачот е да се модернизира и прошири производството.
-КХВ донесе решение со кое на Евроинс осигурување АД Скопје му ја одобри петтата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Евроинс осигурување АД Скопје ќе издаде 2.786 обични акции. Продажната цена е 41.500 денари по акција, така што вкупната вредност на емисијата е 115.619.000 денари. Зголемувањето на основната главнина на Евроинс осигурување АД Скопје се врши со нови парични влогови, при што купувач на акциите е институционалниот инвеститор Euroins Insurance Group JSC, Етрополе, Република Бугарија.
- Комисијата му даде одобрение на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје да ја издаде втората емисија од 225.000 акции во износ од 2.250.000 евра. Единствен купувач на акциите е Анонимно друштво за осигурување АЛБ Сигурацион АД Тирана, кое е акционер во АЛБСИГ АД Скопје и тоа со учество од 100% во основната главнина на друштвото.

-КХВ на Друштвото за осигурување Сигал АД Скопје делумно му го одобри барањето за издавање на втора емисија на обични акции, односно му дозволи да издаде 156 акции по основ на преобразба на статутарната резерва во акционерски капитал. Делот на барањето што се однесува на преобразба на добивката на друштвото за 2007 година КХВ го одби, бидејќи Сигал АД Скопје не издвоило дел од добивката во општиот резервен фонд.

На барање на брокерската куќа ВИП АД Скопје која вршеше големи овластувања и поседуваше 500.000 евра основна главнина, КХВ дозволи отсега да врши само купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот, дејствување како покровител при котација и инвестициско советување за што во секое време ВИП АД Скопје треба да поседува и да одржува 75.000 евра основна главнина.
Михајло Брова Зиков доби согласност да биде именуван за директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје, а Сашо Дракуловски да раководи со брокерската куќа Еурохаус АД Скопје.

Комисијата на 114-та седница издаде една дозвола за работа на инвестициски советник.
​

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA