На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение од 167-та седница на КХВ
18.11.2022

КХВ ја одобри ПРВАТА општинска обврзница на домашниот  пазар на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 167-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас.

Општина Штип ќе издаде 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра.  Рокот на доспевање на издадените обврзници е седум години од денот на регистрирање на обврзниците  во Централниот депозитар. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75%.  Главницата ќе се исплати во целосен износ заедно со последната камата, односно по истекот на седум години од датумот на регистрирањето на обврзниците.

При запишувањето и распределбата на обврзниците, издавачот се определи да го применува моделот на фиксна цена со давање приоритет на налози со помала количина и порано време на внес на налог.

 Купувачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица, а сите информации поврзани со издавачот и со општинските обврзници ќе бидат содржани во Проспектот , кој што јавно ќе биде објавен од страна на Општина Штип.

Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудените обврзници.

Емисијата се врши заради прибирање на средства за финансирање на повеќе инфраструктурни и капитални проекти на општината.

КХВ ја одобри оваа емисија, откако општина Штип доби согласност од  Министерството за финансии за нејзино задолжување и ги исполни законски утврдените услови за издавање на општински обврзници. Постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот.

 



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA