На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Извештаи на КХВ
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Предлог годишни извештаи на КХВРСМ
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
      • Годишна програма за стручно усовршување на вработените
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури и стручна литература
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
      • Поимник
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
      • Основни компетенции на финансиската едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение од 98 -та седница на КХВ
30.09.2026
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 98. седница со која претседаваше претседателката на КХВ, м-р Бујаре Абази, донесе  Решение со кое на Силк Роуд Банка АД Скопје ѝ даде одобрение за издавање на 6.102 обични акции во вкупна вредност на емисијата од 220.349.322 денари по пат на приватна понуда, наменета за познат купувач - единствениот акционер на банката. Со дванаесеттата емисија на обични акции, Силк Роуд Банка АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на хибриден инструмент (заем) даден од страна на единствениот акционер на банката, Силк Роуд Капитал АГ, Баар, Швајцарија, во влог во банката, во согласност со Законот за трговските друштва, Законот за банките и Законот за хартии од вредност и подзаконските прописи.
На седницата што се одржа денес, 30 септември 2026 година,  КХВ донесе решенија со кои им даде согласност на Александра Митев, Сашо Дракуловски и Стефан Степаноски за стекнување квалификувано учество во брокерската куќа ЕУРОХАУС АД Скопје. Со решенијата се одобрува Александра Митев да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 50 проценти од вкупно издадените акции со право на глас во друштвото, а Сашо Дракуловски и Стефан Степаноски поединечно да се стекнат со акции до 30 проценти од вкупно издадените акции со право на глас. Трансакциите за стекнување на акциите треба да се извршат во рок од 90 календарски дена од денот на добивање на согласноста. По истекот на овој рок за стекнување акции е потребна нова согласност од Комисијата. 
Исто така, КХВ даде согласност лицето Катерина Илиќ Нонкуловска да биде именувана за раководител на услуги со хартии од вредност при Финансиски пазари, инвестиционо банкарство и старателство во НЛБ Банка АД Скопје и во наредните четири години.
Комисијата разгледа и усвои пакет на подзаконски акти што произлегуваат од Законoт за финансиски инструменти и  Законот за проспекти и обврски и транспарентност за издавачите на хартии од вредност и тоа:
1. ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за списокот на лицата кои имаат пристап до внатрешни информации и трансакции на лица кои извршуваат раководни функции;
2.  ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за утврдување на исклучок за програмите за откуп и мерките за стабилизација и за прифатена пазарна пракса;
3.ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за постапките за спречување и откривање на пазарни злоупотреби;
4.ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за санација на овластен депозитар;
5. ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за начинот на процена на видовите и значајноста на факторите на ризик и начинот на претставување на факторите на ризик во Проспектот по одделни категории во зависност од нивната природа;
6. ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за начинот на рекламирање во врска со јавна понуда и/или прием на хартии од вредност за тргување на регулиран пазар и
7.  ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК за известување  во врска со стекнување или отуѓување на значајни учества.
Подзаконските акти ќе бидат објавени на јавна расправа на веб-страницата на КХВ, со цел во рок од 30 дена заинтересираните страни да дадат забелешки во однос на предложените текстови на правилниците.

За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA