На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.
Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).
The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 122 рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје му се дава одобрение да издаде седма емисија на 300.000 обични акции, со вкупна вредност од 3.000.000 евра. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши по пат на приватна понуда за познат купувач – единствениот акционер на Друштвото односно за Халк Банка АД Скопје.
Продажната цена на акциите е еднаква на номиналната и изнесува 10 евра по акција.
Халк Осигурување АД Скопје врши зголемување на основната главнина заради постигнување на потребната адекватност на капиталот на друштвото и создавање услови за непречено вршење на редовното работење на друштвото, односно поради усогласување на работењето на Друштвото со Законот за супервизија на осигурување.
Заради усогласување со Директивата 2009/65/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 13 јули 2009 година согласно со измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови, а по завршена јавна расправа, Комисијата донесе и два правилника и тоа :
- Правилник зa нaчинoт и постапката на присилен пренос на управувањето co инвестициски фонд и правата и обврските на депозитарната банка при присилен пренос на управувањето со инвестициски фонд и
- Правилник зa дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворениот фонд.
И за двата предлог подзаконски акта, согласно законската регулатива, јавната расправа траеше 30 календарски дена во кои засегнатите субјекти имаа можност да ги истакнат своите коментари.
Откако Стручната служба ги обработи трите барања за добивање дозвола за работење на инвестиционен советник и на брокер, заедно со приложените документи од страна на лицата, како и документите кои Комисијата ги поседува во својата архива и констатираше дека се исполнети сите услови утврдени во Законот за хартии од вредност и во Правилникот за формата, содржината на барањето и потребната документација за добивање на дозвола за работење на брокер и дозвола за работа на инвестиционен советник, Комисијата за хартии од вредност на седницата што се одржа денеска на 29 септември, 2021 година, издаде две дозволи за работење на брокер и една за инвестициски советник.
Дозволите се даваат за период од пет години од денот на издавањето.