На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Сертификат
      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Поимник
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение од 114-та седница на КХВ
23.07.2021

        Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 114 тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола му даде одобрение да издаде прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. Станува збор за 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност со вкупна продажна вредност од 80.000.000 денари, која е еднаква со номиналната вредност на емисијата.

Обврзниците ќе се понудат преку Македонската берза по моделот фиксна цена со давање приоритет на налози со порано време на внес на налогот. Оттука, поединечната продажна цена на обврзниците е фиксна и изнесува 10.000 денари.

Каматната стапка на долгорочните должнички хартии од вредност за целиот период е фиксна и ќе изнесува 6% на годишно ниво. Пресметката и исплатата ќе се врши еднаш годишно, сметано од денот на упис на обврзниците во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Првата исплата на камата ќе започне по истекот на 12 месеци од денот на уписот, а ќе заврши по истекот на 5 години. Согласно Законот за хартии од вредност, менаџментот утврдил процентот на успешност на јавната понуда да изнесува над 60% од вкупната емисија.

Емисијата на обврзници на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола се врши заради подобрување на финансискиот потенцијал на Друштвото и остварување на планираните цели и стратегии за негов раст и развој.

             На седницата што се одржа денеска на 23 јули, 2021 година, КХВ согласно Законот за инвестициски фондови на ДУИФ Иново Статус АД Скопје и на извршните членови на Одборот на директори им изрече јавна опомена и истовремено со Решение  ги задолжи да ги отстранат утврдените неправилности. Имено, друштвото во целост го нема усогласено работењето со важечката регулатива за спречување перење пари и финансирање тероризам. Дополнително, спротивно на Законот за инвестициски фондови, Иново Статус АД Скопје не ги има ажурирано документите на отворениот инвестициски фонд.

Поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, КХВ даде согласност на  измените на Статутите согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови и тоа на: ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (нов назив ГЕНЕРАЛИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА), ИЛИРИКА КЕШ ФОНД (нов назив ГЕНЕРАЛИ КЕШ ФОНД) и ИЛИРИКА ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ (нов назив ГЕНЕРАЛИ ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ).

          Заради усогласување со новите измени на Законот за инвестициски фондови, КХВ донесе  три подзаконски акти и истите ги стави на јавна расправа на веб страницата во времетраење од 30 дена со цел заинтересираните страни да ги дадат своите забелешки и сугестии. Станува збор за:
- Предлог Правилник за содржината, формата и начинот на доставување на информации за припојувањето и спојувањето до сопствениците на удели;
- Предлог Правилник за формата и содржината на барањето за добивање одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд и
 -Предлог Правилник за формата и содржината на Проспектот на отворен и затворен инвестициски фонд.

 

 



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA