На оваа веб страна се користат колачиња кои не содржат лични податоци и служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.

Në këtë faqe të internetit përdoren biskota të cilat nuk përmbajnë të dhëna personale dhe shërbejnë me qëllim të vetëm për përmirësimin e përvojës së përdoruesit. Me prezencën Tuaj në faqen e internetit nënkuptohet se pajtoheni për përdorimin e këtyre biskotave (cookies). Për më tepër holllësi në lidhje me mbrojtjen e të dhënave personale lexoni Politikën e përdorimit të biskotave (cookies).

The website uses cookies that do not contain personal data and serve for the sole purpose of improving the user experience. Your presence on the website implies that you agree to the use of these cookies. For more details about personal data protection, please read the Cookie Policy.

  • Насловна
  • За нас
    • Делокруг и надлежности
    • Визија, мисија и вредности
    • Управување и раководство
    • Организациска структура
    • Стратешки план
    • Годишен извештај
    • Најчесто поставувани прашања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Акти

      • Статут
      • Деловник
      • Тарифник
      • Кодекс за деловниот изглед на вработените
      • Етички кодекс
      • Програма за работа
      • Финансиски план
      • Ревизорски извештаи
      • План за јавни набавки
      • Листа на договори
      • Постапки за јавни набавки
      • Стратешки план за развој на човечкиот капитал
      • Правилници за внатрешна систематизација и организација
    • Соработка

      • Меморандуми за меѓународна соработка
      • Меморандуми за домашна соработка
      • IOSCO
      • ESMA
      • INFE OECD
    • Општествена одговорност

      • Сертификат
      • Општествена одговорност
  • Регулатива
  • Учесници
  • Едукација и заштита на инвеститори
    • Обука за работа со хартии од вредност

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - хартии од вредност
      • Обука за корпоративни секретари
      • Правилници
      • Нострификација
    • Обука за инвестиционо советување

      • Едукатори
      • Соопштенија / Испити
      • Резултати
      • Распоред на консултации со предавачи - инвестиционо советување
      • Правилници
      • Нострификација
    • Публикации

      • Брошури
      • Прирачници
      • Ризница на стари хартии од вредност
    • Финансиска едукација и инклузија

      • Програма за едукација
      • Годишни извештаи
      • Практикантство
      • Поимник
      • Активности
      • IOSCO alert
      • Прашајте ја КХВ
      • Квизови
      • Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд
      • Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025
      • Кодекс на добри практики за финансиска едукација
      • Регистар на субјекти со активности во доменот на финансиска едукација
  • Податоци и статистика
    • Аналитика за фондови
    • Аналитика за брокерски куќи
    • Аналитика за Берза
    • Аналитика за ЦДХВ
    • Аналитика за акционерски друштва
  • Односи со јавност
    • Соопштенија од седници
    • Вести, говори, интервјуа
    • Месечни извештаи
    • Квартални извештаи
    • Ставови на КХВ
  • Контакт
Соопштение од 138-та седница на КХВ
24.02.2022

          Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 138-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, донесе Решение со кое на Друштвото за производство, трговија и услуги "ГРИНИНГ" ДОО Скопје, му издаде дозвола за давање понуда за преземање на Друштвото за производство и промет со земјоделски и сточарски производи "ВАРДАР" АД Градско.

Вкупниот број на акции издадени од "ВАРДАР" АД Градско изнесува 1.384.223 обични акции, пришто понудата за преземање се однесува на 1.038.323 обични акции со право на глас издадени од "ВАРДАР" АД Градско, кои претставуваат 75,01% од основната главнина на  "ВАРДАР" АД Градско. Во моментот на поднесување на понудата за преземање "ГРИНИНГ" ДОО Скопје поседува 345.900 обични акции од "ВАРДАР" АД Градско. Преземачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 131 денар по акција. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече на денот на објавување на понудата за преземање и завршува 28 дена по започнувањето на рокот за нејзино прифаќање. Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за истата да се смета за успешна.

       Исто така, КХВ донесе Одлука со која се пропишува начинот на работа со посебната сметка согласно член 123 став 3 од Законот за хартии од вредност (сметка за порамнување) која правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност со дозвола за работење добиена од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ја отвораат во Народната Банка на Република Северна Македонија со намена за уплата на паричните средства на клиентите за плаќање на обврските за купените хартии од вредност и исплата на паричните средства добиени од продажбата на хартиите од вредност на клиентите. Претходно, предлог Одлуката беше разгледана од овластените учесници кои имаа можност да ги дадат своите коментари.

       На седницата што се одржа денеска на 24 февруари, 2022 година, КХВ разгледа и усвои два Предлог правилника и тоа:
1. Предлог Правилник за кадровска, техничка и организациона оспособеност за основање и работа на овластено правно лице за вршење услуги со хартии од вредност;

Со овој Предлог Правилник се уредува потребната документација од која може да се оцени кадровската, просторната, техничката и организационата оспособеност за основање на овластено правно лице кое врши услуги со хартии од вредност согласно член 94 од Законот за хартии од вредност

2. Предлог Правилник за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на инвестициски фондови и начинот на утврдување на идентификацискиот број на инвестицискиот фонд ;

Со овој подзаконскиот акт детално се утврдува запишувањето во Регистарот на фондови кој се состои од три подрегистри:

- Регистар на отворени инвестициски фондови (РОИФ) во кој се запишуваат отворените инвестициски фондови;

- Регистар на затворени инвестициски фондови (РЗИФ)во кој се запишуваат затворените инвестициски фондови и

- Регистар на приватни инвестициски фондови (РПИФ) во кој се запишуваат приватните инвестициски фондови.

И двата подзаконски акта, Комисијата ги стави на јавна расправа во наредните 30 дена со цел засегнатите страни да ги кажат своите забелешки и сугестии.

     КХВ издаде една дозвола за работење на брокер и една за инвестициски советник.



За нас

Управување и раководство

Организациска структура

Етички кодекс

Програма

Политика на приватност

Останати линкови

Собрание на Република Северна Македонија

IOSCO

ESMA